Што и кога ни тргна наопаку? Да успориме за момент и некако да се освестиме за тоа кои се вистинските вредности во животот, зашто има нешто, што сè уште не е откриено што точно е, но тоа нешто сите нас нè води во некаква погрешна насока.
- Кога нашите среќни мигови почнаа да зависат од пари?
- Кога почнавме да излегуваме со главна цел да бидеме видени?
- Од кога секој трет си замислува дека е филмска ѕвезда?
- Кога почна секој да се декларира себеси онака како што сака, иако не вложил ни малку труд во она што сака да биде?
- Кога ù се покоривме на омразата и зависта?
- Дали сме вистински другари?
- Колку сме искрени кон самите себе и светот?
- Каде исчезна сонот на малечкото дете дека може да биде промената која сака да ја види во светот?
- Кога почнавме да им се покоруваме на непишаните правила кои не ги сакаме?
- Зошто почнавме да се сликаме за на Фејсбук, наместо за добри спомени?
- Од кога местата за излегување се претворија во натпревар на модните писти, наместо во места за добра забава?
- Кога потрагата по совршеното почна да нè заслепува?
- Нели сме ние младата генерација која може да донесе промени?
- Кога заборавивме да се заблагодаруваме за секоја ситница?
- Кога се случи да заборавиме искрено на некого да му посакаме „Добар ден“?
- Зошто „мрчаторското“ надвладеа со нас?
- Во кој момент од нашето постоење погрешните работи ни станаа примарна цел во животот?
