Што е тоа вистинска љубов? Што всушност ја променува целата смисла на зборот љубов, со додавање на 'вистинска'. Би рекла јас дека можам да си земам за право да зборувам токму за тоа. Многумина би рекле, "види ја, млада, неискусна, не знае таа ништо.". За некој ќе бидат само празни зборови, но за мене тоа е вистинското, искреното, моја вечна инспирација.
Ќе се запрашаш какво е чувството да запознаеш некој и да сфатиш дека тоа е ТОЈ. Тој кој се грижи за тебе, те сака безусловно, неизмерливо. Јас можам да се потрудам да ти го одговорам тоа прашање. Него го сакам повеќе од се, најизлитената фраза, навистина, еве ќе образложам што сакам да кажам со неа. Сакам се поврзано со него, неговиот изглед, неговиот карактер, неговите движења, начинот на кој објаснува со рацете кога зборува, искрената насмевка кога е среќен, цврстата прегратка кога му е жал за нешто, тажниот поглед кога ќе се скараме за нешто, ретките, но искрени признавања кога не е во право, дури и за некој таканаречените маани.
Тој не ги гледа моите недостатоци на начин на кој би ги гледал било кој друг човек на планетава, тој ме сака таква каква што сум. Јас него, хаха не можам да опишам со обични зборови колку многу. Знаеш ли какво е чувството да се грижиш за некој толку многу, за негово добро, повеќе од себеси, несвесно. Ќе кажам дека е исполнувачко, прекрасно. Тука нема да напоменам само за начинот на кој психички си поврзан со еден човек, за таа љубов да биде вистинска, главна улога делат физичкото и психичкото. Љубовта е да посакуваш некој физички, буквално да го САКАШ.
Сум слушнала како велат дека во љубовта нема извини, голема грешка, всушност ќе се извинуваш многу пати, ни самиот нема да знаеш колку, кога треба и кога не треба. Тоа што го прави овој дел посебен е тоа што нема гордост, таа е закопана некаде длабоко под сета таа љубов. Кога некој го сакаш вистински не гледаш дали ќе се понижиш пред него, всушност не гледаш за себе и своето его туку за неговата среќа.
Моментот кога уживаш во се она што те опкружува, го сакаш се она кое порано не си го забележувал ни дека постои. Се радуваш на времето, на малите работи и на се она кое можеш да го споделиш со саканата личност, врнежливо време, снег, сонце, накитени улици, ново хоби, идеа, интересен настан, случка, буквално се те прави да се чувствуваш среќен и исполнет без некоја очигледна причина, наеднаш си расположен само со помислата дека тука е тој еден човек, човек кој ти значи и кому му значиш, да те ислуша и да ја дели твојата среќа. Но, тој е тука и во најлошите моменти, колку и да е изнервиран колку и да е лошо тоа што му го зборуваш, тој ќе те ислуша и порано или подоцна ќе биде до тебе, да те прегрне силно, да заборавиш на сите грижи кои те обземаат, бидејќи тој те сака.
Ранливоста... Убавината на љубовта се прикажува и преку ранливоста, предаден целосно на еден човек и имајќи го срцето на другиот, знаејќи дека си ранлив, толку лесно можеш да се скршиш, тоа само ја зголемува довербата, го имаш и те има. Си се запрашал ли како е да сакаш невино. Си се запрашал ли како е да го цениш секој момент поминат со токму тој човек, секоја минута е скапоцена, без разлика дали е помината во зборување, гушкање или едноставно уживање во тишината. Како е да седиш во негова прегратка, да се чувствуваш најсигурно на целиот свет, заедно да ги гледаш ѕвездите и во секој момент да сфаќаш колку си среќен што го имаш. Епа тоа чувство е најуникатното нешто на планетава, тоа е љубовта. Но, не е онаа љубов која е излитена, за која бесцелно се пее во денешниве песни, која некои парови велат дека ја имаат за да споделат со јавноста, за да имаат некој на денот на вљубените, некоја тинејџерска илузија која трае два дена. Не, оваа љубов се повторува секој ден, се цени и почитува, не е потребен некој смешен датум за да се прослави или изјави. Денес е извитоперен поимот љубов, сите се расфрлаат со тој збор како да не е ништо. Јас најсигурно, најпосветено, најискрено и највистински ти го посветувам тој збор 'вистинска љубов' токму тебе, *******.
Што мислите за ова? Се согласувате? Имате нешто да дополните?