Денеска, на 2 јануари се празнува Св. Игњат, како што некои велат, судниот ден за цела година.
Според обичаите кои останале доследни уште од дамнешни времиња, овој ден бил пресуден за цела година, што ќе правите денес, ќе правите цела година.
Кон оваа традиција се прикрепуваат и други верувања: да станеме рано изутрина, да се стоплиме, да не се караме, да се сложуваме… се со цел така да ни мине годината.
Овој празник останал традиција кај луѓето, што ќе правиш на Св. Игњат, ќе правиш цела година!
Некои луѓе до ден денес се придржуваат кон оваа традиција, пазат што прават денес, за да не ги снајде лошо цела година. Некои пак, ги заклучуваат портите на домовите, со цел да не им влезе некој лош човек, па лошо да ги следи цела годината.
Покрај тоа што овој ден се нарекува Игњатов ден, тој се нарекува и Прв Божиќ, по повод празничните божиќни подготовки. Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината, или со споменот на раѓањето на Исус Христос.
Но, овој празник претставува и ден кога официјално започнуваат бадниковите и божиќните подготовки.
Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.
Со оглед на тоа дека ова се стари верувања и дека во нив има барем малку вистина, пазете што правите денес!
Дали верувате дека што правите денес ќе правите цела година? Ии ако да ,како ви помина денот?![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Според обичаите кои останале доследни уште од дамнешни времиња, овој ден бил пресуден за цела година, што ќе правите денес, ќе правите цела година.
Кон оваа традиција се прикрепуваат и други верувања: да станеме рано изутрина, да се стоплиме, да не се караме, да се сложуваме… се со цел така да ни мине годината.
Овој празник останал традиција кај луѓето, што ќе правиш на Св. Игњат, ќе правиш цела година!
Некои луѓе до ден денес се придржуваат кон оваа традиција, пазат што прават денес, за да не ги снајде лошо цела година. Некои пак, ги заклучуваат портите на домовите, со цел да не им влезе некој лош човек, па лошо да ги следи цела годината.
Покрај тоа што овој ден се нарекува Игњатов ден, тој се нарекува и Прв Божиќ, по повод празничните божиќни подготовки. Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината, или со споменот на раѓањето на Исус Христос.
Но, овој празник претставува и ден кога официјално започнуваат бадниковите и божиќните подготовки.
Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.
Со оглед на тоа дека ова се стари верувања и дека во нив има барем малку вистина, пазете што правите денес!
Дали верувате дека што правите денес ќе правите цела година? Ии ако да ,како ви помина денот?
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)