Што денес,тоа цела година

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Денеска, на 2 јануари се празнува Св. Игњат, како што некои велат, судниот ден за цела година.
Според обичаите кои останале доследни уште од дамнешни времиња, овој ден бил пресуден за цела година, што ќе правите денес, ќе правите цела година.
Кон оваа традиција се прикрепуваат и други верувања: да станеме рано изутрина, да се стоплиме, да не се караме, да се сложуваме… се со цел така да ни мине годината.
Овој празник останал традиција кај луѓето, што ќе правиш на Св. Игњат, ќе правиш цела година!
Некои луѓе до ден денес се придржуваат кон оваа традиција, пазат што прават денес, за да не ги снајде лошо цела година. Некои пак, ги заклучуваат портите на домовите, со цел да не им влезе некој лош човек, па лошо да ги следи цела годината.
Покрај тоа што овој ден се нарекува Игњатов ден, тој се нарекува и Прв Божиќ, по повод празничните божиќни подготовки. Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината, или со споменот на раѓањето на Исус Христос.
Но, овој празник претставува и ден кога официјално започнуваат бадниковите и божиќните подготовки.
Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.
Со оглед на тоа дека ова се стари верувања и дека во нив има барем малку вистина, пазете што правите денес!
Дали верувате дека што правите денес ќе правите цела година? Ии ако да ,како ви помина денот? :D
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Е добро де дошло до грешка, не мора во канта, нека се префрли на друго место : )
Иако јас искрено не верувам а и не се придржувам до некои вакви "бабини деветини" ама што му знаеш, ако е така значи јас цела година де ќе се смеам, де ќе се карам....ааууу бурна година следи изгледа :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lollypop and Рушен

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Оооф ако е вистина ова ојде у пропаст годинава како ми помина денов катастофа.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Е добро де дошло до грешка, не мора во канта, нека се префрли на друго место : )
Иако јас искрено не верувам а и не се придржувам до некои вакви "бабини деветини" ама што му знаеш, ако е така значи јас цела година де ќе се смеам, де ќе се карам....ааууу бурна година следи изгледа :D

Тоа зависи од самиот автор на темата што ја отворил, ако каже да се затвори - се затворува, затоа јас сакам да кажен нејзин конечен став во врска со темава, и доколку не отиде во канта да изнесе нејзин став во врска со темава за да се развие дискусија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Тоа зависи од самиот автор на темата што ја отворил, ако каже да се затвори - се затворува, затоа јас сакам да кажен нејзин конечен став во врска со темава, и доколку не отиде во канта да изнесе нејзин став во врска со темава за да се развие дискусија.
kanta brate xD
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche