1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Шпанија

Дискусија во форумот 'Држави' започната од Marick14, 8 април 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Службено име: Reino de Espana (Кралство Шпанија)
    Државно уредување: парламентарна монархија
    Површина: 505.988 км2
    Број на жители (2003 год.): 42.600.000
    Главен град: Мадрид
    Службен јазик: Шпански
    Парична единица: Евро

    Кралство Шпанија или Шпанија е земја лоцирана во југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелилjа на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземноморската страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ на Велез и Алхукемас, и малиот остров Перехил.
    Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.
    spanija.jpg spanija1.jpg
     
    На Jana, LMFAO и The_Mayor им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Сакајќи да приграби што повеќе туристи, Шпанија интензивно го развива и алтернативниот туризам. Посета на најголемата соларна платформа во Европа доминира во туристичките понуди.
    [​IMG]
    Се бара нешто повеќе од само уживање на плажа
    До не така неодамна, индустријата за туризам во Шпанија покажуваше растечки тренд и беше водечка во светот. Според Еуростат, бирото за статистика на Европската комисија, помеѓу 2000 и 2006 година, Шпанија доминираше во европскиот туристички пазар, учествувајќи со една четвртина во приходите. Зад неа беше Италија со 15 отсто учество во заработката од европскиот туризам.
    Но, во последниве години, податоците покажуваат тенденција на опаѓање и за првпат иднината на туристичката индустрија, која претставува повеќе од 10 проценти од шпанската економија и во која работат 2 милиони луѓе, стои
    [​IMG]
    Катедралата на Гауди „Саграда Фамилиа“
    на стаклени нозе. Како резултат на тоа Шпанија бара нови начини да го развие туризмот. Владата инвестира стотици милиони евра во т.н. Обновен план за модернизација на индустријата. Идејата е освен туризам што подразбира традиционално сонце и морски брег, да се понуди урбан и културен туризам. Градот Барселона одлично го изведува ова; со помош на модерните барови и ресторани и импозантни објекти како катедралата на Гауди, сега повеќе заработува од туризам, дури и од соседниот брег Коста Брава. Успешен пример е и градот Санлукар во близина на Севиља, кој е лидер во
    [​IMG]
    Погонот за соларна енергија во Санлукар
    технолошки туризам и каде туристите може да го посетат погонот за термичка соларна енергија, најголема соларна платформа во Европа. Тоа е спектакуларно место, со две високи кули околу 100 метри, кои може да се видат на повеќе километри оддалеченост. Секоја кула е опкружена со дузина соларни екрани, кои рефлектираат светлина до фокусна точка на кулата.
    Зголемениот интерес за алтернативниот туризам, покажува дека луѓето бараат постимулативни начини како да го поминат своето слободно време, отколку да се сончаат на плажа. Напорите на Шпанија да се вметнат нови идеи во водечката индустрија за туризам може да донесат резултати. А тоа не значи дека туристите ќе мора да се откажат од чашка сангрија покрај разбранувано море или луди забави до доцна во ноќта.
     
  3. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Шпанија е една од земјите кои сакам да ги посетам, едвај чекам да бидам апсолвент за да одиме на екскурзија низ Шпанија :)
     
    На Jana, The_Mayor, КрисТина К. и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Шпанија е една од најразвиените туристички земји во европа и во светот. Во туристички поглед најголема улога изиграла медитеранска положба, климата е суптропска со атланско влијание од северниот дел на земјата, а во средишниот дел има спесифични физичко-геогравски крактеристики и континентални одлики. Шпанија има повеќе туристички региони кои привлекуваат многу голем број туристи низ целата година. Такви се Коста дел сол, Боста де ла Луз, Коста Бланка, Мадрид, Севиља, Кордоба и многу други.

    Коста дел Сол е долг околу 200 километри веднаш до него се издига високата Сеира Нелвада со врвотмулхасен висок 3480 метар.таа го заштитува овај регион од силни ветришта поради што најголемиот град во областа Малага енајтоплиот град во Европа,па дури и во јануари просечната температура е 15степени.КОста дел сол излегува на средоземно море и е погоден за уживање.

    317300-obiavi-costa del sol 3.jpg BIG_COSTA DEL SOL_6_13209197711671419.jpg costa-del-sol-map.jpg
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Зошто да чекаш до апсолвентска екскурзија кога можеш и ова лето да си ја посетиш Шпанија. Имаш понуди уште од Мај и Април од некои агенции за 300 евра некаде. Но се уплаќа уште од сега за во Јули.
     
  6. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Хаха знам дека има тури, јас имам и тетка таму во Мадрид, само сега е лошо за идење некаде :)
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Главна дејност е туризмот, потоа земјоделството. Годишно, околу 10 милиони туристи ги посетуваат островите. Покрај тоа, од Канарските острови се извезуваат голем број егзотични земјоделски производи за ЕУ, на пример: смокви, лимони, портокали, кајсии, праски, шеќерна трска, итн.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Не сега да идеш, туку сега да уплатиш сега по џабе цена во агенција за на лето на одмор во Шпанија. Јас лани пропуштив таква понуда, зошто немаше со кого да идам. Иначе во NoLimit имаше такваа понуда лани.
     
  9. КрисТина К.

    КрисТина К. Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    527
    Допаѓања:
    1,654
    Ја обожавам (inlove) А и јазикот колку им е лесен :biggrin
     
    На Jana и LMFAO им се допаѓа ова.
  10. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Ибица Мадрид и Палма де Мајорка (inlove)
     

Сподели: