Нема социјална кохезија без митови, лаги и превари, барем не во најмасовна смисла евер а тоа е нацијата-држава, монструозната наказа која се појавила пост-триесетгодишната војна, ерата на рационализмот и дејанијата на извесен корзикански кепец.
Одамна тој концепт е надживеан, двете светски војни би биле и повеќе од доволна причина за елиминација на таа наказа доколку рајата би била барем малку рационална, но тоа е премногу да се очекува за жал.
Време е да заврши на ѓубриштето на историјата со куп други митологии во кои никој не верува со векови, време е за нова парадигма а таа би гласела - секој да може сам за себе да си го бира своето `племе` во склад со своите желби и интереси. Дури во денешно време со интернетот не е ниту нужно потребна физичка блискост за стварање заедница (барем иницијално).
Не, сериозно, што имам заедничко со Митре од Паланка, нит го знам или познавам, сеедно ми е дали постои или не (и обратно) демек делиме јазик (иако без преводител не би го разбрал на дијалект) не верувам во МПЦ и не ми требаат икони и свеќи, не слушам народно и не пијам ракија... и сега јас припаѓам во иста категорија а повеќе имам заедничко со амазонски Тапир отколку со него?!