Човештвото и иднината на општественото уредување

Дали сметате дека на човештвото му е потребно ново уредување?

  • Да, сметам дека сегашните општествени системи не се најдобар избор.

    Гласови: 19 95.0%
  • Не, сметам дека сегашното е сосем ок.

    Гласови: 1 5.0%
  • Немам став, сеедно ми е.

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    20

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ СВЕТ

Немирот е знак на моментов.
Ниеден човек, макар колку и да е богат и безбедно поставен, не се чувствува сигурен за следната недела.
Ниеден човек не знае каде оди.
Ова е така бидејќи ниеден човек не знае каде би морал да оди.
Основите на општеството се толку потресени што стана невозможно за кого било да направи план, исто како што банкар или геометар не би можеле да работат доколку не би биле повеќе сигурни во таблицата за множење.
Сега, оваа состојба на нештата не се должи целосно на тековните состојби од материјалното постоење, на политичкиот немир, или економската конфузија.
Околностите немаат моќ да ја скршат душата на човекот се додека тој во себе ја има соодветната движечка сила и ум и вештина да управуваат.
Кога луѓето имаат дефинитивна цел која ја следат, тие инстинктивно наоѓаат средства за надминување на взаемното попречување, и дури можат заедно да работат (несебично, како што тоа поучтиво се вели) за остварување на нивните одделни цели со минимално триење.
Но кога тие се без цел стануваат пореметени и безумни; тие се туркаат еден со друг настрана во својот очај; дури и наједноставните задачи стануваат невозможни.
Денес масата на човештвото повеќе нема каков и да било закон според кој живее, каков и да е неприкосновен принцип на правилно дејство.
Едната длабока причина на сегашната универзална анархија е загубата на сите човечки морални санкции.
Многуте религии во светот ги загубиле сите свои моќи да водат главно бидејќи развојот на средствата за транспорт и меѓународна трговија ги убедиле образованите дека која и да било религија е отприлика онолку добра или онолку лоша како и која било друга со цел за општествена дисциплина, и дека ниедна нема никаква валидност од гледна точка на актуелниот факт, или историската или философската вистина.
Рецептот очигледно треба да се најде на друг начин. Мора да се пронајде формула основана на апсолутно здрав разум, без ниту една пранга на теолошка теорија или догма, формула на која ниту еден интелигентен човек не може а да не и даде согласност, и која во исто време дозволува апсолутни санкции за сите закони на однесување, социјални или политички не помалку отколку индивидуални, така што правилното или погрешното на кое било изолирано или концертирано дејство може да биде одредено со математичко точност од страна на кој и да било увежбан набљудувач, сосем независно од неговите лични идиосинкразии.
Оваа формула мора да биде научна, а не религиозна.
Оваа формула е:
“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”[1]
Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.
Првиот практичен чекор кон оваа цел е формализација на силна централна организација која кохерентно ќе управува со активностите на бројните придодадени кои веќе се воспоставени во многу држави.
Потоа ќе биде неопходно да се свика состанок на експерти во сите науки, кои го третираат човештвото во неговиот социјален или индивидуален карактер, со цел да извлечат разбирлива интернационална програма.
Извадок од „Препород на Магиката“ – А.Кроули
Сите права на преводот ги задржува О.Т.О.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Jackal

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Ако целата книга е таква каков што е и овај мал извадок е супер.Морам да ја земам.
Посебно ми се допаѓа начинот на анализата и рпедвудувањата кои како такви може да се заклучат од речениците.Колку што разбрав на некој начин ова е објансување на слободата каква е а каква треба да биде и всушност продлабочувањето на терминот "анархија" кој за жал ние го знаеме да го преведиме само како "немири" "безаконие" "надвор од секаква контрола" и слично.Ретко кој се занимава со ова и вака долгорочно да го објасни какви се всушност општествата денес.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ако целата книга е таква каков што е и овај мал извадок е супер.Морам да ја земам.
Посебно ми се допаѓа начинот на анализата и рпедвудувањата кои како такви може да се заклучат од речениците.Колку што разбрав на некој начин ова е објансување на слободата каква е а каква треба да биде и всушност продлабочувањето на терминот "анархија" кој за жал ние го знаеме да го преведиме само како "немири" "безаконие" "надвор од секаква контрола" и слично.Ретко кој се занимава со ова и вака долгорочно да го објасни какви се всушност општествата денес.
Слободата за која се зборува не е беззаконие или анархија, туку слобода базирана врз научна формула. Формула според која ако секој ја следи својата вистинска Волја, нема да влегува во конфликт со Волјата на останатите.
Еве уште еден извадок од истата книга:
1. Просечниот гласач е морон. Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.
Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла. Тој е жртва на паника.
Но тој го има гласот.
2. Луѓето на власт можат единствено да владеат со него втурнувајќи го во војни, играјќи си со неговитестравови и предрасуди се додека не ја прифати репресивната легислатива што е спротивна на неговиот очигледен интерес, играјќи си со неговата суета се додека не е целосно заслепен за својата мизерија и ропство.
Алтернативниот метод е неприкриен прогон. Накратко, владееме преку комбинација од лажење и насилство.
3. Овој очајнички обид да се прибегне кон архаични оружја е наследство од лицемерието. Теориите за Божественото право, аристокртска супериорност, морален поредок на Природата, сите се денес издишани балони. Дури и оние од нас кои веруваат во надприродни санкции за нашите привилегии да ги присилуваме и да ги искористуваме луѓето повеќе не не залажуваат со мислата дека нашите жртви ги делат нашите суеверија.
4. Дури и диктаторите го разбираат ова. Мусолини се обиде да го врати духот на древниот Рим за да се перчи во ликот на Јулиј Цезар; Хитлер измисли мешавина од бесмислици за Нордијците и Ариевците; никој дури не се ни преправа дека верува и во обете, освен преку “волјата -да-се-поверува”.
И овие преправања видливо се распаѓаат насекаде.
Тие неможат дури ни да бидат галванизирани со грчеви на псевдоактивност, како што се уште повремено се случува со мртвите гадови на суеверијата.
5. Постои само една надеж да се обединат луѓето под интелигентно водство; затоа што постои само едно нешто во кое сите веруваат. Поточно, веруваат на таков начин што автоматски ги базираат сите дневни активности врз неговите принципи.
(Ова е точно за практично сите луѓе, без оглед на раса, класа или верување.) Оваа универзално прифатена основа на однесување е Науката.
6. Науката ја постигнала оваа положба бидејќи таа не застапува тврдење дека не е подготвена да демонстрира на сите новодојденци. (Овој дел е толку добро разбран што сите лажни пророци – спиритуализмот, Христијанската наука, етнолошките чудаци, трговците со загатки за Големите пирамиди и останатите измамници – сите се преправаат дека се повикуваат на докази, а не авторитет, исто како кралевите и црквите)
Значи проблемот на Власта е да изнајде научна формула со етичка импликација. Оваа формула мора строго да биде применлива за сите здраворазумски луѓе без оглед на нивните поединечни индивидуални квалитети.
7. Формулата е дадена преку Законот на Телема. “Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон”.
8. Нека биде оваа формула прифатена од секоја држава. Кога ќе се појави потреба, експерти веднаш ќе бидат назначени за разработка на деталите за Вистинската Волја на секоја индивидуа, дури и на секое корпоративно тело, општествено или пазарно, додека правосудството ќе излезе со одредување на правичноста во случај на очигледно конфликтни тврдења. (Такви случаи прогресивно ќе стануваат се поретки како што се постигнува урамнотежување.). Сите жалби за преседан и авторитет, мртвите делови од Дрвото на Животот (Симболичката претстава на универзумот е во Кабалата; нејзината “лушпа” е наречена Клифот – “школки” или “екскрети”.), ќе бидат поништени, и строго научните стандарди ќе бидат единствената мерка, според која извршната власт ќе владее со луѓето. Апсолутната власт на државата ќе биде во функција на апсолутната слобода на секоја индивидуална волја.

Извадок од книгата „Препород на МАГИКАТА“ од А.Кроули достапна на македонски јазик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
јас уште утре одам да си ја купам книгата ... :)
Јас би ти дал предлог доколку си во можност да ја побараш и "Законот е за сите" од Кроули, со цел да бидат појасни неговите ставови и термини кој ги користи во неговите останати дела.:)
Ако не си запознаен со филозофијата на Телемата, нема да ти бидат јасни одредени термини кој се користени во неговите дела.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Мислам дека темава е по грешка префрлена во овој подфорум. Цитатите од посочената книга се со цел да послужат за насочување на дискусијата во врска со анкетата која е поставена на темава.
Намерата не ми беше да се разговара за книжевност и литература, туку за тоа кој систем на општествено уредување би бил подобар за човештвото.
Се надевам дека ќе биде земено во обзир ова мое појаснување од страна на модераторите, и доколку нема соодветен подфорум да си остане во општи муабети.
Благодарам.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Општествените системи неможат туку така да се променат, за тоа е потребно целосно репрограмирање на човековата свест, потребно е масовно будење!
Додека му робуваме на егото дотогаш ке бидеме слепи за нас самите првенствено, за светот околу нас, за единството помегу нас и околината, за она што Кроули го нарекува волја...
Натпреварите секогаш го привлекувале заспаниот човек- за жал. Тој слепо верува дека победата во тие општествени, манипулативни, ``видео игри`` ке го поткрепи, дека ке го крене на висок пиадестал, а со тоа го заборава својот идентитет, заборава на својата волја, заспива и живее како машина.
Јас цврсто верувам дека секој поединец може да биде она што му е волја и цврсто верувам дека доколку би живееле во свет во кој што секој поединец ке има потполно право, слобода и простор за да си ја исполни сопствената волја, ке владее хармонија.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Општествените системи неможат туку така да се променат, за тоа е потребно целосно репрограмирање на човековата свест, потребно е масовно будење!
Додека му робуваме на егото дотогаш ке бидеме слепи за нас самите првенствено, за светот околу нас, за единството помегу нас и околината, за она што Кроули го нарекува волја...
Натпреварите секогаш го привлекувале заспаниот човек- за жал. Тој слепо верува дека победата во тие општествени, манипулативни, ``видео игри`` ке го поткрепи, дека ке го крене на висок пиадестал, а со тоа го заборава својот идентитет, заборава на својата волја, заспива и живее како машина.
Јас цврсто верувам дека секој поединец може да биде она што му е волја и цврсто верувам дека доколку би живееле во свет во кој што секој поединец ке има потполно право, слобода и простор за да си ја исполни сопствената волја, ке владее хармонија.

Со првиот дел не се согласувам. Натпреварите во општеството се добри се додека се фер. Сметам дека секој човек треба да се стреми кон повисока, интелектуална, економска и духовна моќ. Секој поединец треба да сака да научи нешто повеќе, да види нешто повеќе, да заработи нешто повеќе. Тоа треба да е главната мисла водилка во едно општество. Сметам дека тоа е многу подобро од само завршување школо онака затоа што треба и потоа куќа посо шуткање низ живото, без мсила и цел.

Твојот втор дека е она што го "проповеда' либертаризмот- секој да има слобода и право да ја тера сопствената волја.