Според филозофијата на Телемата секој е и ќе биде тоа што е (Liber Al II:58). Тоа е така, бидејќи се менува само тоа што е непостојано, илузорно. Вистинската суштина е неменлива, исто како што и Вистинската Волја е неменлива.Општествените системи неможат туку така да се променат, за тоа е потребно целосно репрограмирање на човековата свест, потребно е масовно будење!
Додека му робуваме на егото дотогаш ке бидеме слепи за нас самите првенствено, за светот околу нас, за единството помегу нас и околината, за она што Кроули го нарекува волја...
Натпреварите секогаш го привлекувале заспаниот човек- за жал. Тој слепо верува дека победата во тие општествени, манипулативни, ``видео игри`` ке го поткрепи, дека ке го крене на висок пиадестал, а со тоа го заборава својот идентитет, заборава на својата волја, заспива и живее како машина.
Јас цврсто верувам дека секој поединец може да биде она што му е волја и цврсто верувам дека доколку би живееле во свет во кој што секој поединец ке има потполно право, слобода и простор за да си ја исполни сопствената волја, ке владее хармонија.
Според ова, обидите да се смени било кој се сизифова цел, залудни и бесцелни - сите ќе бидат тоа што се, а не нешто друго. Трудот според мене би требало да биде насочен не кон менување на секој поединец, туку менување на начинот на кој власта го добива својот легитимитет.
Тоа е онаа "формула" за која се зборуваше во цитатите, формула според која секој ќе има право да ја исполни својата Волја, но и обврска да не го попречи истото на другите.
Таквиот систем може да биде во исто време и демократија и тоталитаризам и анархија и хиерархија, бидејќи ќе се заснова на научен метод а не на морал, етика или теократија темелена на сваќања и вредности кој се менливи.