ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ СВЕТ
Немирот е знак на моментов.
Ниеден човек, макар колку и да е богат и безбедно поставен, не се чувствува сигурен за следната недела.
Ниеден човек не знае каде оди.
Ова е така бидејќи ниеден човек не знае каде би морал да оди.
Основите на општеството се толку потресени што стана невозможно за кого било да направи план, исто како што банкар или геометар не би можеле да работат доколку не би биле повеќе сигурни во таблицата за множење.
Сега, оваа состојба на нештата не се должи целосно на тековните состојби од материјалното постоење, на политичкиот немир, или економската конфузија.
Околностите немаат моќ да ја скршат душата на човекот се додека тој во себе ја има соодветната движечка сила и ум и вештина да управуваат.
Кога луѓето имаат дефинитивна цел која ја следат, тие инстинктивно наоѓаат средства за надминување на взаемното попречување, и дури можат заедно да работат (несебично, како што тоа поучтиво се вели) за остварување на нивните одделни цели со минимално триење.
Но кога тие се без цел стануваат пореметени и безумни; тие се туркаат еден со друг настрана во својот очај; дури и наједноставните задачи стануваат невозможни.
Денес масата на човештвото повеќе нема каков и да било закон според кој живее, каков и да е неприкосновен принцип на правилно дејство.
Едната длабока причина на сегашната универзална анархија е загубата на сите човечки морални санкции.
Многуте религии во светот ги загубиле сите свои моќи да водат главно бидејќи развојот на средствата за транспорт и меѓународна трговија ги убедиле образованите дека која и да било религија е отприлика онолку добра или онолку лоша како и која било друга со цел за општествена дисциплина, и дека ниедна нема никаква валидност од гледна точка на актуелниот факт, или историската или философската вистина.
Рецептот очигледно треба да се најде на друг начин. Мора да се пронајде формула основана на апсолутно здрав разум, без ниту една пранга на теолошка теорија или догма, формула на која ниту еден интелигентен човек не може а да не и даде согласност, и која во исто време дозволува апсолутни санкции за сите закони на однесување, социјални или политички не помалку отколку индивидуални, така што правилното или погрешното на кое било изолирано или концертирано дејство може да биде одредено со математичко точност од страна на кој и да било увежбан набљудувач, сосем независно од неговите лични идиосинкразии.
Оваа формула мора да биде научна, а не религиозна.
Оваа формула е:
Првиот практичен чекор кон оваа цел е формализација на силна централна организација која кохерентно ќе управува со активностите на бројните придодадени кои веќе се воспоставени во многу држави.
Потоа ќе биде неопходно да се свика состанок на експерти во сите науки, кои го третираат човештвото во неговиот социјален или индивидуален карактер, со цел да извлечат разбирлива интернационална програма.

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”[1]
Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.Првиот практичен чекор кон оваа цел е формализација на силна централна организација која кохерентно ќе управува со активностите на бројните придодадени кои веќе се воспоставени во многу држави.
Потоа ќе биде неопходно да се свика состанок на експерти во сите науки, кои го третираат човештвото во неговиот социјален или индивидуален карактер, со цел да извлечат разбирлива интернационална програма.
Извадок од „Препород на Магиката“ – А.Кроули
Сите права на преводот ги задржува О.Т.О.