Воден од насловот на книгава, би наметнал дискусија- Дали човекот, човечкиот изглед, неговото суштествување го чини неговиот надворешен изглед или треба да се навлезе подлабоко за да ја имаме целата слика?
Дали ако некој човек го обожуваме, стануваме делумно или целосно зависни, опседнати со него, треба да го гледаме како убав човек, привлечна жена, атлетски маж, т.е да ја гледаме неговата надворешност и да се замајуваме со тоа или доколку ја замислиме неговата внатрешност (цревата, органите, скелетот, фекалиите и сл) ќе имаме поинакви чувства за него и поинаков поглед (гадење, одвратност или сепак и понатаму привлечност)?
Темава е малце психо, али добро е да се размисли за ова, чисто од философски аспект
Болд - Па ако збориме општо, човечкото суштествување го сочинува се, вклучувајќи го надворешниот изглед и неговиот карактер,дух,психа или како сакате. Значи под надворешен изглед јас би ги ставил и внатрешните органи, зашто обично кога велиме надворешен и внатрешен изглед при првиот случај мислиме на целата физиономија на телото, а во вториот на чувствата,емоциите и слично. Значи човекот го прават сите овие работи, зашто едноставно се дел од него. неможе поинаку.
Сино - Е сеа зависи, ако некоја личност целосно ја прифаќаме, ја почитуваме и љубиме не би требало да почувствуваме гадење од самата помисла на внатрешните органи или фекалиите. Оти најпосле тие работи се и дел од нас и како би можеле да сакаме безрезервно одредена личност ако не ја прифаќаме во нејзината целосна форма. Има еден прост пример со малите деца, во случајот кога бабата ќе сака да го прегрне или бакне детето колку и да е грда, стара и збрчкана детето нема да заплака или да избега, ама ако некоја друга исто така стара и "страшна" бабичка која детето првпат ја гледа се обиде да го стори истото тој би заплакал или во најмала рака би осетил непријатност.
Кога јас помислувам на таа внатрешна физиономија на одредена личност не чувствувам гадење, туку нешто слично на рамнодушност со мала доза на разочараност. Сфаќате дека и таа личност е само коски, месо и органи, значи станува "обична" како и сите нас, дека и таа личност старее, чувствува болка и кога тогаш ќе умре. Ова претежно за самиот себе си го имам мислено, кога ги гледате луѓето по физиономијата, а посебно по внатрешната тие во вашите очи стануваат многу обични, едноставни, скоро исти креации кои се трошат, ранливи се и умираат. Токму затоа карактерот е посебен печат за секого, единствено нешто што не прави различни од секој друг.