Чет муабети (ти реков-ми рече)

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не ме мешајте мене во статистиките ваши :zelen Или веќе сум вмешана :(:ladno? :D
И те молам не гарантирај за мене.
Не одам јас со гаранција, денес ова - утре што ми се сака. : ))

Марија,за ,,нашите,,незнам од причина што незнам кои се тоа наши и дали постои тоа ,,наши,,ама во моите сакала нејкела си.
Сакала нејкела и јас во твоите сум :zelen може не опфакаш толкав обем,може е и поголем ама сум.
Кога реков гарантирам мислев на она дека сум се уверила во неколку прилики дека Марија не се навредува така лесно.
Ама ај штом ме молиш не гарантирам повеке :eek:
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
СВЕСНОСТ И НЕСВЕСНОСТ

Што гледаш кога ќе погледнеш во огледало?

НЕСВЕСНОСТ:Гледам преубава коса и очи;гледам усни по кои сите лудуваат;ммм гледам поглед со кој секоја би ја оборил;гледам будала;гледам глупача;гледам лузер;гледам идиот...
СВЕСНОСТ:Гледам свест која се искушува;гледам ентитет способен за се,затоа што тој е СЕ.

Што би направиле доколку на Лото би добиле голема сума на пари?

НЕСВЕСНОСТ:Опааа,па прво што би купил...;ма ќе се пијанчам до коска;па незнам...повеќето би ги дал во добротворни цели;пола ќе ги раздадам,пола ќе ги оставам за себе;ууу,би купил добра кола;не не,мотор;ма немам појма,ќе изнакупам се...
СВЕСНОСТ:Ќе продолжам да живеам...би му дал некому ако му се потребни.

Што е за вас Животот?

НЕСВЕСНОСТ:Па види сега...;не сум сигурен;незнам колку е точно;мислам дека некој велеше...
СВЕСНОСТ:СЕ!

Што планирате во животот?

НЕСВЕСНОСТ:Па да запишам добар факс;да завршам факс;да најдам добра работа;да постанам важна личност;да бидам правник;да бидам доктор...
СВЕСНОСТ:Да живеам.

Колку сте свесни за самите себе?

НЕСВЕСНОСТ:Пааа...не го разбирам прашањето;мислам дека сум многу свесен;кога сум пијан сум најсвесен;јас сум секогаш свесен;сакаш да кажеш дека сум глуп?!
СВЕСНОСТ:Недоволно

Што е за вас љубов?

НЕСВЕСНОСТ:Па тоа е кога имам некој кој ме сака и јас него;ма љубовта не постои друшкане,тоа е само илузија;да,имав љубов но ми се здосади;љубов?;љубовта е нешто супер чувство нешто преубаво...
СВЕСНОСТ:СЕ!

Што мислите за некој кој се фрлил од зграда?

НЕСВЕСНОСТ:Ма будала;лудак;тежок е животот пријателе;ма кој го е*е,битно не е некој кој го знам;тажно е тоа;кој му е крив ка е глуп;ах несреќник морал да има проблеми;жално за родителите;мора да било поради љубов...
СВЕСНОСТ:Не би мислел,туку би пробал да го разберам.

Имате шибица и влегувате во мрачна соба.Што ќе запалите прво:печка,свеќа или петролејка?

НЕСВЕСНОСТ:Па печката,да ме грее ако е ладно;свеќата,ме опушта;јас петролејката,после можам другото ако затреба.
СВЕСНОСТ:Шибицата

Дали се молите,на кого и зошто?

НЕСВЕСНОСТ:Да,на Бог,бидејќи е Семоќен и ги слуша моите молитви;да,на Аллах,бидејќи тој е патот на Исламот;не се молам бидејќи Бог не постои.
СВЕСНОСТ:Не,бидејќи мојот Творец е во мене,а јас во Него,ние сме едно,притоа ако се молам Нему,би се молел на себе,а тоа нема смисла,затоа што Бог е во мене,а јас во Него.

Од кои националности ви се пријателите?

НЕСВЕСНОСТ:Ма ги имам од повеќе;само македонци,албанците не ги поднесувам;строго албанци,други да не видам;па имам и македонци и албанци и други...
СВЕСНОСТ:Јас имам само пријатели.

испаѓа дека кога секој човек би ја достигнал свесноста, сите на секое поставено прашање би одговарале потполно исто, оти свесноста, на секое прашање дава само еден единствен одговор. Кога сите би ја достигнале свесноста, би размислувале сосема идентично... хм... what`s the point?
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Можеби одговорите и се идентични:)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Можеби одговорите и се идентични:)
друго ми беше прашањето. Која е поентата да се стремиме кон достигнување на свесноста,ако тоа нѐ води кон обезличување и претворање во тотално идентични единки?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
друго ми беше прашањето. Која е поентата да се стремиме кон достигнување на свесноста,ако тоа не води кон обзеличување и претворање во тотално идентични единки?
А не сме идентични единки?
Сите така различни,а всушност сите така исти?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А не сме идентични единки?
Сите така различни,а всушност сите така исти?
не сме. Исти сме до одреден степен. Понатака секој има свој сопствен и единствен „лик“.
Кога би биле така исти, ти и јас не би го ни праеле муабетов. Кога би биле така исти, секој во кого ќе погледнам, би бил мое „огледало“. Би ги знаела мислите на секој, оти би ги имала потполно истите. итн итн итн
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
не сме. Исти сме до одреден степен. Понатака секој има свој сопствен и единствен „лик“.
Кога би биле така исти, ти и јас не би го ни праеле муабетов. Кога би биле така исти, секој во кого ќе погледнам, би бил мое „огледало“. Би ги знаела мислите на секој, оти би ги имала потполно истите. итн итн итн
Тоа што го кажуваш ти би била материјалната нееднаквост.
Но под сета таа маска сме исти.
Нормално дека јас сум јас ти си ти.
Ти никогаш нема да бидеш јас ниту пак обратно.
Но кога човек ќе се освести во вистинска смисла на зборот,сфаќа дека сите сме едно исто.
Без разлика на мислење,облека,стил,позиција во општеството,религија итн.
Сето тоа е така небитно.Тој кој е свесен ги гледа работите поинаку него другите,гледа малку подлабоко на сето тоа.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Тоа што го кажуваш ти би била материјалната нееднаквост.
Но под сета таа маска сме исти.
Нормално дека јас сум јас ти си ти.
Ти никогаш нема да бидеш јас ниту пак обратно.
Но кога човек ќе се освести во вистинска смисла на зборот,сфаќа дека сите сме едно исто.
Без разлика на вера,мислење,облека,стил,позиција во општеството,религија итн.
Сето тоа е така небитно.Тој кој е свесен ги гледа работите поинаку него другите,гледа малку подлабоко на сето тоа.
океј, некаде се разминуваме со муабетов.
јас велам дека вакви какви сме, несвесни, сме различни, (незнам зошто велиш материјална нееднаквост, кога зборувам за мисли, размислувања, поимања... а тие некако не би рекла дека се материјални, но океј, нека е така)
Кога би ја достигнале сите свесноста би дошле до момент на осознавање на апсолутната вистина и во тој момент сите прашања би добиле свој, само еден, единствен одговор (оти свесноста на сите прашања дала само по еден единствен одговор) Е во тој миг, од единки со сопствени различни „ликови“ би станале апсолутно идентични и тотално обезличени единки.
Значи реченицата „Тој кој е свесен ги гледа работите поинаку него другите, гледа малку подлабоко на сето тоа“ не би имала веќе никакво значење, оти сите би биле свесни и сите би гледале на иста длабочина, од иста страна, под ист агол, во иста точка.
Тоа ми е прашањето. Која е поентата во сето тоа?
 
Многу си интересна кога ќе почнеш да филозофираш :)(сфати го како комплимент)
Нема поента.
Ќе бидеме тоа што сме.
Толку.Не разбирам зошто секогаш се мора да има некоја поента?
Која е поентата на љубовта?
Поентата на постоењето?Поентата што воопшто живееме?Поентата на поимот Бог?
Секогаш мора да постојат логични одговори на се.Но некогаш и нема логични одговори на се
Лејди Блу.
Понекогаш за да сфатиме нешто треба само да погледаме јасно без да стававиме некакви наочари на мислите на себе кои од еден крај на твојата соба те водат до сосема друго ќоше во куќата на комшијата,притоа губејќи го одговорот со нашата неприсутност.
Чинам ме разбираш или?
Иако мислам дека никако не се разбираме јас и ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Многу си интересна кога ќе почнеш да филозофираш :)(сфати го како комплимент)
Нема поента.
Ќе бидеме тоа што сме.
Толку.Не разбирам зошто секогаш се мора да има некоја поента?
Која е поентата на љубовта?
Поентата на постоењето?Поентата што воопшто живееме?Поентата на поимот Бог?
Секогаш мора да постојат логични одговори на се.Но некогаш и нема логични одговори на се
Лејди Блу.
Понекогаш за да сфатиме нешто треба само да погледаме јасно без да стававиме некакви наочари на мислите на себе кои од еден крај те водат до сосема друго ќоше во куќата на комшијата.
Чинам ме разбираш или?
Иако мислам дека никако не се разбираме јас и ти.
не бре, не филозофирам ич, колку и да изгледа понекогаш така... Не изгиравам ни даскалка... јас стварно и најискрено прашувам тоа шо не ми е јасно. Не барам некојаси математичка логика, само барам човечка логика.
Океј, нема да гњавам понатаму. Само ќе си кажам дека мене не ми се допаѓа идејата на достигнување свесност, барем не таква еднолична/безлична свесност каква е прикажана во примерот со прашањата и одговорите. Не ми се допаѓа идејата на стигнување до моментот кога секој на било кое прашање ќе го има само едниот единствен тотално ист одговор...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena