Чет муабети (ти реков-ми рече)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ама тоа не верувам дека ке ми разјасни што се подразбира под заштитен,мене ме интересира што го прави еден текст авторски заштитен?
Како се заштитува?
Иначе сведоци сме сите на копирани текстови,на секој текст постои првичен авторр но како ке знаеме кој е вистински прв?
Требаше да веруваш затоа што на првиот текст пишуваше со * и болдирани букви дека текстот е заштитен од порталот на кој што е поставен.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
А згора на тоа, и да не е „заштитен“.
Застануваш ти и пишуваш маестрално прекрасен текст на некој друг форум. И доаѓаш тука, и гледаш некој што не појма зборовите што значат направил копи пејст и ние го сметаме за високо интелигентно суштество а не знае 2 плус 2 колку се.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не можам да дојдам до текстот битно, кога се зачленувам на блог.мк, кликам(потпишувам) договор дека се’ што ќе напишам ми е заштитено, дека тие одговараат за моите авторски права.
Во темата „Ваши еротски колумни“ има три копирани состави од блогови.

Второ, дури и да не е авторски заштитен материјал, ете да е копиран од друг форум, овдека правилото гласи „Член има слобода да искажува свои ЛИЧНИ СТАВОВИ“.
Што значи, целта која сакав да ја постигнам со тоа копирано правило е доволно/кристално јасна :)

Ова во врска со правилото,се согласувам дека е така,но ме интересираше како е еден текст заштитен авторски?
Требаше да веруваш затоа што на првиот текст пишуваше со * и болдирани букви дека текстот е заштитен од порталот на кој што е поставен.
Не велам дека не верувам,нема потреба од доказот,ете верувам,но пак не ми е јасно,и само барав ако ти или било кој може да ми го објасни тоа.
Иначе итекако не ми се допагаат копирани мислења од други портали,напишани сосема од трети лица,некој да ги користи како свои.
Но не верувам дека тоа може да се спречи од причина што толку макотрпна работа за барање на вистински Прв автор нема ништо да придонесе.
Но може грешам :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
А згора на тоа, и да не е „заштитен“.
Застануваш ти и пишуваш маестрално прекрасен текст на некој друг форум. И доаѓаш тука, и гледаш некој што не појма зборовите што значат направил копи пејст и ние го сметаме за високо интелигентно суштество а не знае 2 плус 2 колку се.

Така е,но неможе да се искорени таа појава,мада може да се бришат таквите мислења доколку некој приложи линк од оригиналот,а за копирачот да следува казнен поен.
Но сепак тоа нема да е сигурен доказ дека тој текст е точно на тој Прв автор.Но барем ке се знае дека овдешниот е со сигурност копирач.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Така е,но неможе да се искорени таа појава,мада може да се бришат таквите мислења доколку некој приложи линк од оригиналот,а за копирачот да следува казнен поен.
Но сепак тоа нема да е сигурен доказ дека тој текст е точно на тој Прв автор.Но барем ке се знае дека овдешниот е со сигурност копирач.
Тоа ми беше целта. Текстот датира од 2009 членот тука го објавил денес/вчера, ние поставуваме линкови за да се докаже дека не е нејзин, одговорните замижуваат.
А ако некој, јас ти тој другиот, малку претераме со дрскоста на зборовите, казнен поен не ни бега.
Абе барем свое мислење искажуваме :)

Инаку авторски заштитен текст, е оној текст кој не е од народно творештво туку е дело на Рајко, Петре, Митре, и таму каде што го постирал/објавил, му гарантираат дека ќе биде заштитен.
Такви страни на интернетов се блоговите, за други немам информација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Фала ти на одговорот,но не верувам дека некој може да понуди стопостотна заштита.
Со самото тоа што јавно изнесуваме некаде некој наш текст,сами сме свесни што значи зборот јавно.

А кога сме веке кај она со Јавното навистина не ми е јасно како може некому да му смета доколку некој се послужи со она што ние овде јавно сме го изнеле за самите себе си.
Како што беше случајот со личниот дневник. :)
Јас да ,,чепкањето,,не е баш пријатно,ама немаме право некого да го обвинуваме дека ни се меша во приватноста.
Ако треба да го обвинеме тоа е исто како тој што го обвинуваме дека ни се меша во приватноста исто може да не обвини дека немаме право да си изнесуваме лични приватни работи.
Сме се искажале за да си олесниме?
Во ред,но да не заборавиме дека јавно сме се ,,олесниле,,и секој има право да реплицира и дискутира околу нашото излагање.
Не постои правило кое го забранува тоа.
 
Е гледај сега тука. Тука работи етиката(моралот) на самиот човек. Ако јас напишам во личен дневник, дека ми е ужасно тешко, затоа што ме изневерила жената(да е скраја и подалеку), и дека го пишувам на форум затоа што тука сум анонимен и ми треба некаде да се испукам а не можам со пријатели за да не се понижам пред нивни очи, етиката треба да ти проработи тебе, мене на било кој, и таквата информација да не ја употребиш на друга тема, каде што тој податок ни најмалку не е битен.
 
Така е,но не секогаш ни работи етиката за некој за кој итекако е познато дека не му работи етиката.
Но поентата беше дека не е забрането за да биде казниво,или да се запамти како,,зло памтило,,за да во прва прили па макар и несоодветна да се манифестира со казни.
И казните ако добро размислиме е прашање колку се етички кога се неосновани. :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас сум првиот што кажува дека 70% од казните се неосновани, срамно ставени, и дека го брукаат форумот.
АМА, тоа не значи дека ако ти упорно упорно и упорно без осет, ми набиваш некој лични информации на тема кај што нема потреба да бидат поставени(прво одиш оф топик, што значи според правилото ти следува казнен поен), второ, одиш против етиката(ако ти ја немаш, некој друг ја има(во случајов модераторот)), и во тој случај рака на срце, банот, казнениот поен и те како, е заслужен.
Мое мислење, не мора да е точно :)
Јас сум против тоа, да се добиваат казнени поени ако некој дискутира и употребува по остри зборови, ама не упатува лична навреда - а многупати се добиени такви казнени поени.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сепак,пред се,треба да научиме што значи зборот Јавен.
Ако некој не сфати од три пати некоја работа,немам против да ми се обаснува,повторно и повторно и повторно.:zelen
Сепак тоа повторно и повторно ...е релативна работа.