Четворицата кои ќе ги сретнете во вашиот живот

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
До сега ги немам сите најдено..
Себе си конечно се пронајдов.. за тоа кој најмногу сум го сакала .. и тоа го пронајдов... кој најмногу ме сакал? до некаде сум сигурна, уште четвртиот ми фали :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
сеуште ми е рано за некои од овие фази...
себе си сметам дека веќе си се знам, што е најважно
Сакам да, но уште ништо не ми докажува дека тоа не може да се смени
Да ме сакаат, ме сакаат, го имам тоа, но кој вика дека во животов тоа ќе биде врвот и дека тоа е таа љубов што ми треба.
Четвртата фаза ми е сеуште далеку.
П.С. Не можам да знам, љубов е нешто за што не сакам напразно да коментирам,а да не сум сеуште сигурна 100% дека навистина го чувствувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сето ова некако многу ограничено ми делува.
Можеш да го сретнеш и петтиот - оној кој ке го сакаш и што ке те сака, ама поради некои околности не можете да го поминете заедно остатокот од животот.
Или шестиот - кој нема да го сакаш ниту пак тој ке те сака тебе, а ке бидете заедно до крајот на животот.
и така натаму... безброј варијанти и комбинации.
Мислам дека никогаш не би можело да се измере кого најмногу сме го сакале, или кој најмногу не сакал. Како што поминува времето чувствата се менуваат и еден ист човек може за мене да биде човекот кој најмногу сум го сакала и човекот кој најмногу сум го мразела истовремено, а од друга страна пак ми доага мислата дека сите тие личности кои успеале да допрат до моето срце си заземале свое посебно место и сите сум ги сакала на различен начин и едноставно - неможе да се измери...
Ниту пак можеме со сигурност да знаеме до која фаза сме стигнале, можеме само да си мислиме дека знаеме.
 

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
И јас размислував вака до пред некое време. Дека секогаш ќе има некој кој ќе го сакам а тој мене не, или обратно. Тоа обично се јавува после љубовни разочарувања. Но, сега сум во фаза каде што знам дека двајцата се сакаме. Знам дека тој ме сака како што никој не ме сакал до сега. Ме прифати со сите маани, со сите грешки, и ми помогнал да го сменам тоа што не чинело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Ако е вистина ова со фазите тогаш треба да ме фати страв, прво редоследот го имам изгубено, второ во сите по малце сум.:frantic
Верувам дека има една голема љубов, но не значи дека ќе дојде после третата личност, може ќе биде првата за некој, можеби за 15тата за некој.
Имаше една квота од еден филм вика постојат 3 вида на љубов, првата ја преболуваш месец- два, заљубеност. Втората е онаа што мислиш дека ќе трае но ја преболуваш за година две. Е третата е онаа големата. Ме потсети темата на тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider