Да се уфрлам и јас дури стои темава пошто после нема да ми текне.
Пред некој ден фатив The Death Star да ја цртам, ама ми изгледаше празно само така, па ја направив ко на дроги. Згора на тоа, ко што стоеше така недовршено на масичка неколку дена, мајка ми фино си дошла и си пробувала пенкала од страна пошто само на чкртаници и ѝ личело.

Затоа решив да додадам некои (д)ефекти од страниве по нет, па еве што излезе. (со мобиљка е сликано)
Дигитализацја бе, што?
Бакица е од лани. Тогаш за првпат се наканив да скенирам цртеж т.е. тогаш ми успеа.

После го подзакакав со боици, ама бар вака го имам чист.
