Дали некогаш сте чуле за духови кои свират ужасни тонови на клавир? Дали сте приметиле поместување на мебелот во собата каде што сте сами, или звук во темница? Доколку сакате да доживеете страв или возбуда можете да посетите некои од „проклетите хотели“ кои во светот станаа вистинска атракција за туристите.
Ако не верувате во паранормално, еве ви можност да ги негирате сите тврдења на оние кои тврдат дека имале средби со „проклети суштества“.
Замок Чилингем ( Англија)
На пат до замокот ќе ви застане здивот од импресивните ѕидини и перфектно уредените градини. Од 13 век овој замок се наоѓа во сопственост на фамилијата Грејс и го прати глас како еден од најстрашните места на светот, а најпознат е по духот „Сино дете“. Точно на полноќ се појавува во Розовата соба со стравичен вресок. Кој точно бил и што точно му се случило, никој не знае, но во текот на реставрација на замокот пред неколку години, пронајдени се коски од детето и траги од сина кошула и тоа точно позади ѕидот, од каде што според зборувањата, се слуша неговото плачење.
Село Плакли (Англија)
Ловците на натприродни феномени мора да го посетат ова село, кое според Гинисовата книга е најпроколнатото село во Англија. Ожалостени дами, војници, црвената дама Деринг и белото куче, се само некои од чудните појави кои ве очекуваат доколку го посетите ова место. Во поранешните години населението во Плакли се обидувало празникот Ноќ на вештерките да го поминат во семеен амбиент, без љубопитни гости и ловци на духови. Сега прославата Ноќ на вештерките е укината. А оние кои не веруваат во духови, можат да го посетат Плакли и да уживаат во мирната атмосфера која ја нуди ова село.
Дворец Комлонгон (Шкотска)
Овој дворец е познат по неговата потстанарка, Марион Карутерс. Нејзиниот татко, баронот Сајмон Карутерс, бидејќи немал син, го договорил бракот помеѓу Марион и Џејмс Даглас. Бидејќи увидела дека бракот не е од љубов, туку од корист, одбива да се омажи и поради тоа татко и ја затвора во кулата. Не сакајќи да се согласи на брак без љубов, на 25 септември 1570 година, одлучила да си го одземе животот, фрлајќи се од кулата. На местото каде што паднала, трева никогаш повеќе не израснала.
Според верските уверувања, на самоубијците не им било дозволено да бидат погребани во Светата земја, па се верува дека нејзиниот дух шета по овој средновековен дворец, барајќи место за одмор. Непосредно после нејзината смрт, се појавија приказни дека Марион е убиена, за дворецот да го наследи нејзиниот вереник. До управата на хотелот во текот на цела година пристигаат многу пријави од страна на гости кои виделе жена облечена во зелено, како шета по дворецот и плаче.
Dobins In (Северна Ирска)
Еден од најстарите пабови во Ирска, изграден е во 13 век и служел како таверна, оружарница и сигурно упориште на протераните католици. Dobins In е исто така и место на стравично злосторство. Мауде, жената на Хју Добинс, се вљубила во војник со кој се наоѓала во таен тунел. Кога дознал Добинс и двајцата ги убил со меч. Во хотелот може да се види духот на жена чијашто рака ги милува заспаните гости.