Цените на горивата драстично се зголемуваат!

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Честито народе.. Во очекување и на поскапување и на се останато!
ЕКОНОМИЈА
27.02.2012
ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ ПО ЛИТАР
pumpa_makpetrolNL.jpg
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56, односно за 4,14 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84, на ЕУРОСУПЕР БС-98 85,50, колку што ќе чини и бензинот од 100 октани на пумпите на Макптетрол, на Биодизелот БС Б8 75,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 74,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе чини 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 2,173 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 47,934 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,54 отсто повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,42 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Па ќе се поскапуваат...
Не за џабе америчкиве џелати партал направија во земјите кај што има нафта...
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
регулаторнат комиссија и државата за стрелање се.. Ценат на горивата се пресметува по многу неефикасна формула и затоа добиваме нафтата во светот да паѓа а кај нас да се зголемуваат цените на дериватите.. тоа е грешкана рег. комисиај адржавата можи с оеден удар да ги намали ептен цените зашто 55% од цената за литар гориво јоди во државата..
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
регулаторнат комиссија и државата за стрелање се.. Ценат на горивата се пресметува по многу неефикасна формула и затоа добиваме нафтата во светот да паѓа а кај нас да се зголемуваат цените на дериватите.. тоа е грешкана рег. комисиај адржавата можи с оеден удар да ги намали ептен цените зашто 55% од цената за литар гориво јоди во државата..
Како може цената да паѓа во светски размери , а кај нас да се покачува?
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
е па така сето тоа е поврзано со ценат за преработка на литар сурова нафта.. не ја знам точно формулата инаку пред некое време прва вест на сител беше нафтата в с ветот вртоглаво паѓа за после 5-10 мин да кажат дека ценат на бензините поскапува за 2 денари мислам дека беше...
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Регулаторна се најкриви за поскапувањата..исто е и за парното, струјата, горивата..најверојатно си земаат некој денар од големиве компании и им го тераат кеифот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD