Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Само неколку дена по излегувањето на неговиот последен сингл и видео - запис,еден од најпопуларните артисти го открива датумот за излегување на неговиот албум! Албумот, насловен ,,Синтеза на ум и меч" на познатиот Тонио Сан - РНС (Green out / Легијата), излегува на 20.10.2012 (сабота), со почеток во 20:00 часот во Младински Културен Центар. Влезот на промоцијата на албумот е бесплатен, а дискот ќе чини 300 денари - не скапо за волку квалитетен диск, ќе се согласите. На истата ќе се прикажуваат и сите видео записи наТонио Сан досега. Како напомена од артистот, дискот ќе биде достапен исклучиво на промоцијата и други хип хоп забави. Поради, како што вели самиот Тони, фактот дека дистрибутерите ,,до сега се покажаа како некоректни соработници", нема да биде достапенво ниту една продавница, туку само според гореспоменатите канали.