Фудбалски трансфери и шпекулации

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мислам дека не е лошо да има една ваква тема каде што ќе можеме да ги пишуваме сите трансфери и шпекулации поврзани со фудбалот, а и бидејќи се активира малце подфорумов верувам ќе има дискусија околу трансфериве :).

Ај јас како фан на Ливерпул, прво за Ливерпул да си кажам :). Нови 3ца играчи се Адам Лалана и Рики Ламберт од Саутемптон и Емре Џан од Баер Леверкузен. Лалана лани во Саутемптон беше најдобар играч верувам дека ќе продолжи така и во Ливерпул. Суарез можно е да оди во Барселона но сеуште нема ништо околу тоа, Барселона не сака да плати 80 мил. за Суарез, втора опција е Санчез и плус пари за Суарез но Санчез не сака да оди во Ливерпул. Ако остане Суарез супер ќе биде, а ако веќе оди не треба да се продаде за помалце од 80 мил. :)

Во трка за Санчез не е само Ливерпул. Манчестер Сити, Јувентус и Арсенал се тука, од овие изгледа Арсенал е во најдобра позиција а и колку што читав Санчез сакал да игра баш таму. Кој и да го земе ќе добие супер играч.

Челзи се засили за следната сезона со Диего Коста од Атлетико Мадрид. Коста дојде во Челзи за 32 мил. по играта што ја покажа на светсково не знам дали е баш засилување ама ќе видиме.

Манчестер Јунајтед го зема младиот Шо од Саутемптон за 30 мил. овие од Саутемптон добри пари земаа за тројцата играчи што ги продадоа :).

Ова е тоа што го знам јас досега, можете и да пишете на пример кој играч би бил добар трансфер за некој тим :). Интересна сезона не чека после летово :).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пред некој ден читав дека Венгер давал 27 милиони за Балотели и демек биле уште во преговори но голема е веројатноста да го вратат Балотели во Премиер Лига. Ако овој трансфер успее мислам дека ќе бидат најзалудно потрошените пари на Венгер во целата негова кариера. Подобро да проба да најде подобар голман од Чесни и замена за Џенкинсон (пошто Сања ги напушта, а Карл Џенкинсон е единствен лев бек) отколку 27 милиони за проблематичен плачко што воопшто нема стил за во Арсенал.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Значи Ливерпул сепак ќе проба да се ослободи од канибалскиот дајвер. Ако успеат зависи шо играчи ќе земат, да не ја повторат грешката на Тотехнем кој парите од Бејл ги поеба на ретарди и ламели.(facepalm)
Макар да и нема нешто светски калибар играчи на пазарот а цените се манијакални.
Саутемптон како што почна да продава играчи може да се замеша во борбата за чемпионшип.

Самарас си оди од Селтик :place(:|(facepalm):ladno
штета... можно е да оди во некој од премиерлигашите...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Значи Ливерпул сепак ќе проба да се ослободи од канибалскиот дајвер. Ако успеат зависи шо играчи ќе земат, да не ја повторат грешката на Тотехнем кој парите од Бејл ги поеба на ретарди и ламели.(facepalm)
Макар да и нема нешто светски калибар играчи на пазарот а цените се манијакални.
Саутемптон како што почна да продава играчи може да се замеша во борбата за чемпионшип.

Самарас си оди од Селтик :place(:|(facepalm):ladno
штета... можно е да оди во некој од премиерлигашите...
Јас сум за да успеат некако да го натераат Санчез да дојде, ако не успеат тогаш треба да им земат повеќе пари на Барса за Суарез, се под 80 ќе биде кражба. Има и 3та опција, да го задржат Суарез и следна сезона да касаме во напад :).
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас сум за да успеат некако да го натераат Санчез да дојде, ако не успеат тогаш треба да им земат повеќе пари на Барса за Суарез, се под 80 ќе биде кражба. Има и 3та опција, да го задржат Суарез и следна сезона да касаме во напад :).

Подобро нека го продадат да земат јака пара додека сеуште канибалот не направил нешто за доживотен бан, нека му ја мисли Барса после со него.
Плус ќе го нема до Ноември а секако можно е да направи ново срање и да го заебе Ливерпул пак. Ако не успеаа оваа сезона да земат титула со 9 бода предност и канибал во животна форма со завиден број дајвови, не гледам зошто би го чувале сеуште...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Добро е, Венгер ништо со Балотели. Вчера видов некаде дека го намерачил Дебуши и тоа би било одлична замена за Сања, само што Џенкинсон пак ќе ја грее клупата и нема да стигне да се покаже.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Вермален изгледа во Јунајтед за 10 милиони фунти.

Се шпекулира Видал во Јунајтед за 45милиони (+ Нани).
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Вермален изгледа во Јунајтед за 10 милиони фунти.

Се шпекулира Видал во Јунајтед за 45милиони (+ Нани).
Skysports велат нешто друго за Вермален. Се збореше за овој трансфер уште кога не беше завршена сезоната зашто наводно Вермален не бил задоволен од минутажата, а истовремено сметал дека Мертесакер и Кошчелни биле многу добро уиграни и не би сакал да им го расипе тоа. Којзнае што ќе биде, ама не ме чуди да си замине.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Санчез изгледа во Арсенал ќе оди, и Дебуши е сигурно во Арсенал, добри играчи ќе собере Арсенал летово. Барса понудила 60 милиони за Суарез а некаде читав дека можно е и да ја платат цела сума од 80. Ако успеат од Ливерпул да им земат повеќе од 60 мил. и не земат некој јак играч, нека се убијат. :)