Никогаш не сум навивал за тим, навивам за возач. Порано бев за Кими, сега сум за Батон а ми се допаѓа и Розберг. Секогаш навивам за квалитетот на возачите а не за ѕвездите во тимовите, бидејќи секојпат тие се исфорсирани од страна на стручниот штаб во тимот. Таа "тактика" на тимовите ја замразив уште од времето на Шумахер и Баричело кога возеа за ферари, каде што на една трка во последниот круг, во последните метри до целта по наредба на тимот Баричело му го препушти првото место на Шумахер, а тој не заслужи да победи... За мене Ф1 е индивидуален спорт, не е толку тимски за да се прави се за некој а другиот да биде секогаш "тој вториот".