Формула 1

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на авто-трки дефинирана од Интернационалната федерација за автомобилизам (ФИА), светското врвно тело за моторни спортови. Името „формула“ доаѓа од низата спецификации и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето. Шампионатот на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема награда кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на шампионатот за возачи и за конструктори.
Возилата се тркаат со големи брзини на мошне сложени виулести патеки. Постигнуваат брзини над 320 км/ч. Дизајнот на возилата постојано се менува и напредува во поглед на електрониката, аеродинамиката, суспензијата и пневматиците.
Иако Ф1 трките и најголемиот дел од конструкторите потекнуваат од Европа, Големи награди се одржуваат низ целиот свет. Некои од трките во Европа и Америка се заменети со Бахреин, Кина, Малезија и Турција, а од 2010 и Индија.
Ф1 трките се голем телевизиски настан следен од милиони луѓе во двесте земји.
Натпреварувањето е регулирано од ФИА, а комерцијалните права за Ф1 се пренесени на Формула Еден Групата.

Официјалната страна на Формула1: http://www.formula1.com/

Оваа година (2012) како и претходната, титулата треба да ја брани германецот Себастијан Фетел (Sebastian Vettel) кој вози за Ред Бул Рејсинг.

http://www.f1almanah.mk/formula-1

Кој е вашиот омилен возач и тим, и зашто?
Како почнавте да навивате за тој тим/возач?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dare, emzzy and Hip.Hop_MKD

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
За ферари сум од одамна, уште Шуми и Баричело кога беа во ист тим а од тогаш тимот е десет пати сменет. Иначе оваа сезона, се враќа поранешниот шампион на формула 1 Кими Раиконен и ќе вози за тимот на Лотус. И така, не дај боже да биде иста сезона како претходната кога се се знаеше однапред. Досадни трките беа плус тоа, да се надеваме дека следнава ќе биде многу поинтересна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
најјакио ми беше омилне... шумахер... во последно време хамилтон и фетел ми прат кеф... иако не следам ептен формула...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Порано не пропуштав, ама после кога си сменија правилата ми стана глупо и не гледам уште од тогаш..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
За едно две недели ќе почне и новата сезона во Формула 1. Како што сите знаете, титулата ќе ја брани германецот Себастијан Фетел. Сезоната започнува со големата награда на Австралија на патеката Алберт Парк на 18 март.
Еве ги тимовите и возачите.

Тим: Ред Бул Рејсинг
Возачи: Себастиан Фетел и Марк Вебер.
Тим: Мекларен
Возачи: Џенсон Батон и Луис Хамилтон.
Тим: Ферари
Возачи: Фернандо Алонсо и Фелипе Маса.
Тим: Мерцедес
Возачи: Михаел Шумахер и Нико Розберг.
Тим: Лотус
Возачи: Кими Раиконен и Ромаин Гросјеан.
Тим: Форс Индиа
Возачи: Пол ди Реста и Нико Хулкенберг.
Тим: Заубер
Возачи: Камуи Кобајаши и Сергио Перез.
Тим: Toро Росо
Возачи: Даниел Ричиардо и Жан-Ерик Вергне
Тим: Вилиамс
Возачи: Пастор Малдонадо и Бруно Сена.
Тим: Катерхам
Возачи: Хеики Ковалаинен и Витали Петров.
Тим: ХРТ
Возачи: Педро де ла Роса и Нараин Картикејан.
Тим: Марусиа
Возачи: Тимо Глок и Чарлс Пик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto, Marick14 and emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Шумахер, Маса и Алонсо <3
(Мерцедес, Ферари)
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Ќе си навивам стандардно за Ферари како и многу години досеа. Интересна сезона ќе биде излеа, има неколку новајлии возачи а и можете да приметите дека има и нови тимови. Така да, ќе видиме каква ќе биде првата трка па после ќе филозофираме кој што како.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy