Фолтин

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Фолтин (Foltin) е една од најпознатите групи од Битола, Македонија која постои од 1997.Досега имаат издадено 4 албуми. Имаат учествувано во многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и неколку пати се наградени за нивната работа.
Фолтин во кратки црти е необичен состав, чија музика е тешко да се дефинира и секој обид да се вметне во некоја музичка категорија ќе биде осуден на неуспех (етно-панк, диско, клецмер итн.). Музиката на Фолтин е надреална, старастна и жива, окарактеризирана е со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритами. Иако користат стандардни музички елементи, нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив, и пред се оригинален. Во нивниот музички идентитет, агло-македонски хибрид, постои колизија помеѓу истокот и западот. Нивниот јазик е имагинарен микс или фонетска имитација на јазици како што се: Шпански, Француски, Португалски, Романски итн. таканаречен “Спонтан Есперанто”. Фолтин себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Но тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека работеле на музика за театарски претстави во кои ги користат “ready-made” инструментите или го креираат амбиентот со објекти од немузичка примарна функција, различни звучни конструкции, склуптури и инсталации.
преземено од Wikipedia

Ги слушате ли Фолтин?
Ваше мислење за нив.
Омилени песни?
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината

за фолтин неам зборови
толку квалитетен бенд мислам на тој стил на музика немало...па дали и ке има
 
Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Лани кога беа предгрупа на Архангел прв пат ги слушав во живо, иако немав некое мислење за нив. Онака бев, воздржана:)
Сум рекла неколку пати, штета е што имаме ваков бенд од светски калибар, а никој не се заангажирал за нив. Мислам дека да не беа одовде далеку ќе стигнеа момците.
Мои омилени, се разбира онаа по која го носам корисничкото име :D
Потоа

Оваа е ремек дело. Немам зборови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Selma

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Додека Фолтин правеа турнеи низ цела Европа, во Македонија не ни знаеја за нивното постоење. П$ред 4 години во Македонија на настапи полиција ги бркаше од сцена зашто правеле галама.