Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Паралелно со снимањето на султано кога се мотал во Битола, рајата јадела лепешки, а таа светла традиција не е исчезната до денес. Може некој лик да купи ајфон сега во 2015 и да си го однесе дома во Прибилци ама тоа не значи дека ајфонот има врска со балканот...
Имам слушано од стара раја за тоа како одредени селани им носеле сено на тракторите (кога ги донеле во комунизмо) пошто мислеле дека тоа е животиња и треба да се храни :rofl некој лик останал без прсти пошто му било интересно тоа пропелерот за воздушно ладење шо како врти и ги пикнал прстите да чепни внатре (facepalm)
Некој тип се имал вратено од печалба по америките, тука било српско тогаш, 20-тите и им прикажувал на селаните дека видел чоек како лета со железна птица по небото и селаните му удриле ќотек мислеле оти ги праи будали :D
А тек шо да се кажи за французите кога дошле на солунски и доматите, тоа поарно табу да си остане...
Абре јас не велам дека не си во право, тука кај нас сѐ е дојдено со векови задоцнување (најсвеж пример: баграва ги фасадираше со барокни фасади зградите низ Скопје, неколку стотици години после Барокот, понатаму - Ренесансата во нашата книжевност се случила век и пол по европската, итн). Ама, по некоја низа на околности, едни од најстарите зачувани филмови (документарци, снимки, наречи ги како сакаш) во цела југоисточна Европа доаѓаат токму од Македонија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Момци, вие рековте дека на Балканот лепешки јаделе во почетокот на 20 век, не знаеле ни како изгледа камера, а јас само ве демантирав. Чуму hard feelings?


Дефинирај „добар”, па ќе зборуваме. ;)
Филм кoј ќе те зaдржи нa стoлoт, кoј ќе гo кoментирaш целa неделa, филм кoј немa дa гo исклучиш пoсле првите 5 минути, некoј филм сo дoбрa прикaзнa. Не филм кoј oд 90 минути, 30 се секс сцени, a 60 пцуење. Пoвели кaжи ми.
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Филм кoј ќе те зaдржи нa стoлoт, кoј ќе гo кoментирaш целa неделa, филм кoј немa дa гo исклучиш пoсле првите 5 минути, некoј филм сo дoбрa прикaзнa. Не филм кoј oд 90 минути, 30 се секс сцени, a 60 пцуење. Пoвели кaжи ми.
Тоа е субјективно. Некој филм кој можеби мене ќе ми го направи сето она што ти си го напишал, на друг нема. Твоите „критериуми” при дефинирањето се во голема мера зависни од вкусот на поединецот - гледач. Објективно дефинирај „добар”, па ќе зборуваме. ;)

P.S. А можам да ти кажам филмови кои МЕНЕ ме задржале на столот, кои сум ги коментирал цела недела потоа и кои не се 30 минути секс, а 60 псуење. Некои од нив и лоши. ;)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Било кој друг, освен тој. Оти прво, силата е дел од основата на која се базира целата приказна, знаеме дека е присутна, нема потреба да се нагласува и посочува. И второ, суштински е утната цела поента на силата. Апсолутно не може да постои, не може да има и во ниту еден момент на целокупната сторија (на Лукас), никој никаде никогаш не спомнал awakening. Оти нема awakening, има само disturbance.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ќе ти сменеше нешто ако насловот беше бомба а филмот тапа?
Да си кажиме право, филмот е и премногу маниристички. Се држи до формата која навидум го прави автентичен, а не внимава на многу побитни елементи. Не треба да е насловот бомба, треба само да е точен.
Инаку, најмногу ќе ми сменеше ако го правеше Лукас, оти без него, шо и да направат ми е само нагаѓање.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не е барање влакно во јајце, не можам баш да образложам без спојлери, ама не зборам за инает. Ми се допаѓа ако го гледам како самостоен проект, ми се допаѓа тоа шо е сниман на терен, не делува премногу вештачки, глумците добро си ја завршиле работата, особено Реј (името, бајдвеј, ептен "in your face" :) ), но како продолжение, има многу фалинки.
Приквелите се одлични. Точно дека се премногу дигитални што се одразило глумата да е на моменти неприродна, ама целосната приказна и развојот на ликовите, особено на Анакин, е совршена. А дали бил Џар Џар или не бил, ич не е важно. Лукас не се плашел да експериметира и да ја искористи цела технологија која му била на располагање. Иако го напаѓаат, мене ми е тоа многу јако и за почит. Да излезе од безбедната зона, свесно и намерно и да си ја испочитува сопствената имагинација и идеја, ретко кој се осмелува. Дизни, од друга страна, се воделе од прашањето „Што сака публиката?“ и од тој аспект, седумкава е тотално комерцијален и шуплив производ.