Фан Клуб: Челси

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Кога дојде Азар кај нас, Фергусон даваше изјави од типот дека бил преценет играч, дека не вредел за парите, дека Кагава бил подобар, (talk) ... Неделата Азар во еден потег му го докажа токму спротивното.

tumblr_mjgj6uxgJ71qd8lk4o1_500.gif
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Убаф гол поштено !
А и не су за споредбу уоптеште они двоица, добри су стфарно
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Се надевам отсега на Торес пред секоја утакмица ќе му мава по еден бокс некој, глеам кога е лут повеќе шутира. :D
Азар smiley_bow.gif вечерва го имаше насекаде.
Мата, нозете да ти се позлатат. Да го немавме во тимот, не сакам ни да помислам шо ќе беше.
Микел вечерва ме изненади, имаше неколку шутеви и тоа ON GOAL. Како само чекам негов гол, аууу! Има 2 дена да славам! :D

13 март, 2012 - го испративме Наполи дома, иако ја изгубивме првата.
13 март, 2013 - ја испративме Стеауа дома, иако ја изгубивме првата.
Тери даде гол на двете утакмици. :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
:eek Шу убаво голче примаа!
Ееее, од такви школски акции голови се постигнуват.
Чим не знаат така да играт, само нека примаат, мош така по ќе научат. |-(

Едит: Или па оставете дефанзивците да ви завршат работа. (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Абе фанови, пошто гледам никој нема желба да коментира на сегашната игра на Челси (сосема оправдано), дајте да размрдаме една дебата у друг правец. :)

Пред некој ден со татко ми паднавме на тема клубовите и нивните деца и кој што прави со нив. Пошто има голема разлика пример од децата на Барцелона кои гледаат да ги обучат најдобро што можат за да донесат трофеи во родниот клуб, додека Реал ги тренираат само за да отпосле направат голема пара од нив (со чест за тие 2-3 исклучоци).
И татко ми (црвен ѓавол :D) рече дека не го сака Челси највеќе поради тоа што нема свои деца и што од премиерлигашките клубови е меѓу оние кои имаат најмалку англиски фудбалери. И јас одма му отидов на контра напад демек ни Манчестер не се за фалење во тај дел, бла бла..
Искрено, се обидов да се сетам бар на еден фудбалер што целата кариера (од мали нозе) ја поминал во Челси, и не можев да се сетам на ниту еден. Постои ли воопшто некој таков? :unsure
Зошто ние немаме некој Џерард, некој Карагер, Сколс? Што мислите, која е причината за ова?
Го оправдувате ли хаосот што се случува денес со овие транфери? Или пак не се согласувате, и мислите дека така се губи на „наталитетот“ на самиот клуб?
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
искрен поздраф од нови шампиони : )
Сакам стфарно ви и Арсенал или па можда Ливерпук следеќу сезону да бидете појаки : ))
за да биде екстра сфе : ) нели, не тепам сеир, озбиљно сакам Челзи да е конкурент за сфе увек, пошто су ривали
а кд е ривалстфо сфе е поинтересно : )
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Slims, не постои. Нема кај нас таков. И не е за тоа крив (само) Абрамович и неговата желба за купување/продавање, пошто ова се случувало и пред него. Не ја сфаќам воопшто клупската политика. Пострашно од тоа што немаме играчи како Џерард, или Малдини (дури играше), е тоа што ретко кој од академијата се пробива во прв тим. Ете нели ги спомна Реал и Барселона, ние не сме ни како првиве, ни како вториве. Ниту си правиме играчи за нас, уште помалку па за да заработиме добра пара од нив продавајќи ги. За пари правење најмногу ги бива Португалците. Ама зошто младите не добиваат шанса кај нас не можам никако да сфатам. Од минатите, освен на Тери и Ле Со, не ми текнува на некој друг што од младинскиот тим преминал во првиот. Од овие сега... Таман ќе стават некој во прв тим, утакмица-две и одма на позајмица. А знаеме колку се враќаат таквите. Мекехран така, Хачинсон исто, Пиазон исто. Се чудам уште Аке шо не го пуштиле. |-( Чалоба не стигна ни една утакмица да изигра во прв тим, одма го пратија. Многумина во него го гледаат идниот капитен, јас викам ако не го заборават по позајмици добро ќе е. Тој и овај малиов Феруз (кој успат растур прави во младинскиот тим) ако не ги задржат, комотно нека си даде оставка цел стручен одбор.
А најголемата иронија во сето ова, е тоа што во NextGen (нешто како ЛШ за младинските тимови), оваа сезона Челси ги победи академиите на Ајакс, Барселона, Јувентус и Арсенал. Да се радуваш што се толку добри младите, или да жалиш што никогаш не ќе ги видиш во прв тим. :nah

За утакмиците ич не ми се коментира, ниту за таа од саботата, уште помалку за оваа што треба да почне за 15тина мин. Составот е добар колку што може да биде, без Тери и Лампс.
Чех; Цезар - Бане - Луиз - Кол; Рамирес - Микел; Азар - Мата - Оскар; Ба.
Не очекувам многу, со оглед на формата што ја имаме (или да речам ја немаме :cenzura).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims