Дрогба синоќа потврди дека го напушта Челзи по осум успешни години на Стемфорд Бриџ кои кулминираа со титулата во Лигата на Шампионите.
34-годишниот напаѓач најверојатно ќе се пресели во Шангај Шенуа, а кинескиот клуб информира дека добро течат преговорите со Дрогба.
"Преговорите помеѓу Шенуа и Дрогба продолжуваат според планираното" - изјави сопственикот на клуб, Жу Јун.
Поранешниот соиграч на Дрогба, Николас Анелка од јануари е член на Шангај Шенуа, тој ја доби улогата на играч тренер откако Жан Тигана беше отпуштен.
Код:
http://24fudbal.com.mk/vesti/3437/drogba-pred-transfer-vo-sangaj-senua