Фан Клуб: Интер

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
340px-Internazionale.svg.png
Фудбалскиот клуб Интернационале Милано познат како Интернационале или Интер, е италијански фудбалски клуб стациониран во Милано, Ломбардија, кој се натпреварува во Серија А и кој е актуелен светски клупски шампион и носител на италијанскиот куп.
Стандардните клупски дресови се црно-сини, од каде што и потекнува клупскиот прекар Нероаѕури, додека резервната (гостинска) варијанта на дресовите најчесто е бела. Интер е актуелeн светски шампион и се смета за еден од најдобрите клубови во светот.
Интер е член на групата Г-14 која е организација на водечките европски клубови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Историја

Од 1970 до денес

После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11то Скудето во 1971 и 12то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Шампиони губејќи 2:0 од Ајаксна Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година, а потоа дури после 17 години пауза своето четиринаесетто Скудето го освои во 2006 откако поради скандалот Калчополи неколку клубови беа казнети со одземање бодови придонесувајќи Интер од третото место да се најде на врвот. Веќе наредната година Интер повторно стана шампион на Италија, а истото го повтори и во наредните пет години со што Нераѕурите моментално се на второто место на вечната победничка листа со вкупно 18 Скудета, зад Јувентус кој има 27 и пред Милан кој има 17. Клубот од Милано може да се пофали и со податокот дека е единствената екипа во Италија која никогаш во својата долга историја не играла во понизок ранг. Последните две Скудета ги освои под водство на најдобриот менаџер на денешницата, португалскиот стратег Жузе Морињу кој во сезоната 2009-10 успеа однесе клубот и во финалето од Лигата на Шампиони во Мадрид каде што со 2:0 го совлада Баерн Минхен и по пауза од 45 години по трет пат стана европски шампион..

Триумфите во Купот на УЕФА

Исто така Интер, трипати го има освоено Купот на УЕФА, сите за време од седум години. Првиот пат тоа му појде од рака во сезоната 1990-91 кога во двата финални натпревари ја совлада Рома. Успехот го повтори и во сезоната 1993-94, овој пат совладувајќи ја екипата на Казино Салцбург. Својот последен триумф во ова натпреварување го оствари во сезоната 1997-98, кога со убедливи 3:0 го победиЛацио во финалето одиграно на Паркот на Принцовите, во Париз. Една сезона пред тоа загуби во финалето од германски Шалке по изведувањето на пеналите откако двете екипи победија дома со минимални 1:0.

Триумфите во Копа Италија

Во сезоната 2004-05 Нераѕурите триумфираа во Копа Италија (Италијанскиот Куп) совладувајќи ја Рома по што следуваше триумф и во Суперкопа Италијана (Италијанскиот Супер Куп) против Јувентус на стартот од сезоната 2005-06. На 11ти мај 2006 година, Интер ја одбрани титулата во Копа Италија повторно совладувајќи ја Рома, 1:1 во Рим и 3:1 во Милано. Следната сезона по трет пат по ред во финалето на Копа Италија се сретнаа Интер и Рома. Овој пат Римјаните се одмаздија осигурувајќи ја титулата уште во Рим кога победија со високи 6:2. На реваншот во Милано, Интер славеше со јалови 2:1. И четврта сезона по ред повторно во финалето се сретнаа Интер и Рома, а Римјаните успеаја повторно да победат славејќи со 2:1 на единствениот финален натпревар одигран на Олимпико во Рим. По една сезона пауза, во сезоната 2009-10 истите екипи по петти пат во шест години ги одмерија силите уште еднаш на Олимпико во Рим. Интер славеше со минимални 1:0 освојувајќи ја својата шестта куп титула.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and 4FUN

Baron89

Полноправен Член
18 март 2012
50
50
18
35
инфорација за сите навиваци на милан
голманот амелија го стаиле на проколин терапија посо не видел кој му го даде голот на дербито
ФОРЗАИНТЕР
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Си отиде и Форлан. Нормално во Бразил (Интернационал или Коринтијас мислам беше). Ќе останав овие интер без играчи, па ќе треба публика да игра. :rofl
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Многу чуден старт на овогодишната сезона. Млад тренер, млад тим и беспрекорна гостинска форма, пропратена со очајни натпревари на Џузепе Меаца - се надевам дека вечер ќе ја прекинеме црната серија.
Гуарин тргна одлично, но последниве неколку натпревари на виделина излегува неговата брзоплетост и себичност, а Гаргано и Касано засега одлично ја возвраќаат укажаната доверба. Кутињо е ѕвер, и мака ми е што речиси секогаш влегува како замена во последните 20-30 минути. Ранокија е (фала Богу) многу подобрен од минатата сезона, но останатите дефанзивци (со чесни периодични исклучоци на Хуан) ни чкрипат.
Занети е неприкосновен се’ уште, тоа е факт, но не знам дали со неговите 39 години треба да е „благослов“ што имаме таков безвременски капитен, или клетва што не можеме да најдеме некој далеку помлад, а со слични задачи и перформанси како него. :)
А, и да, Милито не го сакам повеќе во тимот, Паласио би го играл наместо него.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Многу чуден старт на овогодишната сезона.

Ќе си се цитирам, и ќе кажам дека продолжението на сезонава ни е уште почудно.
Дел од играчите на моменти делуваат како воопшто да не се „гладни“ за победа, како да играат онолку колку да си ги заработат неделните/месечните плати. Гаргано е очаен, Милито дува топло-ладно, Ханданович одлично ја покрива сенката што ја остави Цезар, Ливаја ми е смешен, за Гуарин немам мислење...
Страма на моменти повлекува генијални тактички потези, но на моменти е копија од Леонардо - одличен мотиватор... и толку.
За Снајдер, искрено, сум на страната на клубот, и сметам дека нема што да бара веќе во нашиот тим, и онака последните 2 години е почесто повреден отколку на теренот, плус со темпераментот имаше видливи проблеми...
Засега сум среќен што сме на место кое догодина води во ЛШ, и треба да го задржиме тоа. :)
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Ejjjj Интеристи будете се ... Дај да ја живнеме темава брее ... Еве јас ќе почнам со тоа што ќе прашам .. Што мислите дали навистина е договорен Освалдо за кај нас ... Би сакале ли да ги гледаме неговите голови во светиот црно-син дрес ... позз момци ,а и девојки ако не сум самаа хаха .. :))
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Интер мoже дa се пoфaли штo никoгaш не игрaл вo пoнизoк рaнг oд првa лигa. Тaкa пишувa вo вoвед.
Пaрмa мoже дa се пoфaли сo 9 бoдa oд 30 кoлa мoментaлнo.
Џузепе Меaцa, Интер-Пaрмa 1:1 :rofl:rofl:rofl
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас мислам дека на форумов нема навивачи на Интер, ме чуди како има и на Милан ама ај. :zelen