Тим како Вардар заслужува да има посебна тема на форумов.
Еве и малце копирано од Википедија. Па ајде колку Вардарци не има на форумов?
Историја
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освои југословенската Прва Лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенскиот шампионат. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испага од прва лига, но со помош на на некој луге пак е вратен во прва лига.
Од основањето на клубот па до средината на осумдесетите Македонците од цела Македонија, СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделените вечерни спортски вести со внимание се слушаше што сторил Вардар во колото. Одењето на стадион да се гледа Вардар земало нагорна линија по освојуваето на Титовиот куп во 1961 година. Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои Комити, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на Комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал Фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!".
ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како натпревар со најмногу публика на градскиот стадион во Скопје ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со Трепча на кој стадионот беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага.
Еве и малце копирано од Википедија. Па ајде колку Вардарци не има на форумов?
Историја
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освои југословенската Прва Лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенскиот шампионат. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испага од прва лига, но со помош на на некој луге пак е вратен во прва лига.
[уреди]
НавивачиОд основањето на клубот па до средината на осумдесетите Македонците од цела Македонија, СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделените вечерни спортски вести со внимание се слушаше што сторил Вардар во колото. Одењето на стадион да се гледа Вардар земало нагорна линија по освојуваето на Титовиот куп во 1961 година. Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои Комити, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на Комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал Фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!".
[уреди]
Натпревари за паметењеФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како натпревар со најмногу публика на градскиот стадион во Скопје ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со Трепча на кој стадионот беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага.
[уреди]
Најпознати и најзначајни играчи[уреди]
Славни тренери- Андон Дончевски,
- Ѓоко Хаџиевски,
- Стјепан Бобек,
- Вукашин Вишњевац,
- Кирил Дојчиновски,
- Илија Димоски,
- Ванчо Трпевски,
- Ѓоре Јовановски,
- Атон Лика,
- Илеш Шпиц,
- Зоран Стратев,
- Јане Јаневски,
- Кочо Димитровски
- Илчо Ѓорѓиоски
[уреди]
Освоени првенства[уреди]
Југословенска Прва Лига[уреди]
Македонска Прва Лига[уреди]
Освоени Купови[уреди]
Југословенски Куп[уреди]
Македонски Куп- 1992/93
- 1994/94
- 1997/98
- 1998/99
- 2006/07
[уреди]
Рекорди- Најмногу постигнати голови: Филип Илиевски (217 голови) .
- Најдобар просек на ефикасност: Дарко Панчев 207 натпревари/132 гола (0,65 голови по натпревар).
- Најмногу првенствени голови: Васил Рингов (97 голови).
- Најмногу првенствени голови во 1.МФЛ: Саша Ќириќ 1992/93 (36 голови).
- Најмногу голови во европските натпреварувања: Дос Сантош Вандаир 2003/05 (12 голови).
- Најмногу одиграни натпревари: Кочо Димитровски 845 (416 првенствени), Методија Спасовски 647 (375 првенствени), Ѓоре Јовановски 486 (271 првенствен), Драган Мутивароќ461 (256 првенствени), Атанас Мечкаров 435 (231 првенствен).
- Најуспешен тренер: Ѓоко Хаџиевски (5 шампионски титули и 2 национални купа).
- Најмногу гледачи: ФК Вардар - Црвена ѕвезда 1985/86 (30.000 гледачи).