Фан Клуб: Вардар

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Тим како Вардар заслужува да има посебна тема на форумов.

Еве и малце копирано од Википедија. Па ајде колку Вардарци не има на форумов?

Историја

Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освои југословенската Прва Лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенскиот шампионат. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испага од прва лига, но со помош на на некој луге пак е вратен во прва лига.
Навивачи

Од основањето на клубот па до средината на осумдесетите Македонците од цела Македонија, СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделените вечерни спортски вести со внимание се слушаше што сторил Вардар во колото. Одењето на стадион да се гледа Вардар земало нагорна линија по освојуваето на Титовиот куп во 1961 година. Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои Комити, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на Комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал Фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!".
Натпревари за паметење

ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како натпревар со најмногу публика на градскиот стадион во Скопје ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со Трепча на кој стадионот беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага.
Најпознати и најзначајни играчи

Славни тренери

Освоени првенства

Југословенска Прва Лига

Македонска Прва Лига

Освоени Купови

Југословенски Куп

Македонски Куп

  • 1992/93
  • 1994/94
  • 1997/98
  • 1998/99
  • 2006/07
Рекорди

 
  • Like
Реакции: MATEJA and Altaïr

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
не сам фан, наравно : ) aли дефинитивно најреномиран македонски фудбалски клуб
бија сам сс чичу ми и братучеда ми од Скопје су наравно , ептен одамна на дерби Вардар Пелистер, пун стадион
1 - 1 заврши тај утакмица, Комити навивасфа како луди
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
не сам фан, наравно : ) aли дефинитивно најреномиран македонски фудбалски клуб
бија сам сс чичу ми и братучеда ми од Скопје су наравно , ептен одамна на дерби Вардар Пелистер, пун стадион
1 - 1 заврши тај утакмица, Комити навивасфа како луди
Комитите секогаш навивале како луди :zelen
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
е*и ги бојане, е*и ги к.... Шо има да ви ја пеам бе комити си ја знајте песната како оди ...
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Даниел Мојсов бира помеѓу Вардар и Партизан. Ајде брате избери го Вардар :zelen
 
  • Like
Реакции: MATEJA

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,762
787
1,133
Skopje
Убаво е да бидеш фан на Вардар како и на Беласица,Победа,Пелистер,Тетекс итн само што за жал нема фајде од сето тоа нема услови нема резултати,ако гледаме со факти ќе видиме дека во последно време,а и уназад со години просечна посетеност на Вардар кога игра во Скопје е 175 души,а тоа коинцидира со бројот на роднини на играчите и тоа поблиски,исто како и на репрезентативно ниво.