Учи сине, да не работиш

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Учи да не работиш викаа комунистите, по 20 години школо гледам во право дека биле.-С.Калибар

Да објаснам одма, не станува овде збор за политика туку за тоа што младите завршиле факултет, а за кој нема работа. Еве ја потресната приказна од Хрватска заради која ја отварам темава:

so-dve-diplomi-prosi-za-leb-povekje.jpg
Загрепската полиција го уапси Ивица Галиќ кој проси на улиците на Загреб затоа што не може да најде работа иако има две факултетски дипломи.

37 годишниот дечко е приведен по четврти пат заради нарушување на јавниот ред и мир.
Овој дипломиран економист има и диплома од информатика, а откако ја загубил постојаната работа, принуден е да проси за да преживее.
Чукав на разни врати, се обидував да најдам работа – безуспешно. Секогаш се трудев моето школување да биде што подобро и еве каде ме донесе сето тоа.“ - раскажува Галиќ кој секој ден во 10 часот на духовит начин се обидува да измоли по некоја паричка од минувачите.
Ве молам за помош! Ми требаат 10.000 куни за да го поправам мојот вселенски брод и да одам дома, а во меѓувреме морам да се прехранам себе си и својата девојка (а, колку само она јаде – боли глава!“ – пишувало на неговиот последен транспарент.
По објавувањето на оваа приказна во хрватските медиуми, една фирма веќе му понудила работа, а и понатаму стигнуваат нови понуди.
Со оглед на тоа дека е приведен, сè уште не знае дека среќата му се насмевнала. Можеби ова му било и добра тактика да се продаде.
so-dve-diplomi-prosi-za-leb.jpg
Исти вакви проблеми има и во Македонија, сега не знам колку е реална приказнава од Хрватска, ама барем за во Македонија знаеме каква е состојбата..
VIA CRNOBELO.com http://www.crnobelo.com/vesti/svet/11191-so-dve-diplomi-prosi-za-leb
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto, Ludi Maks and drt

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ова на германец некој да му кажуваш, да се чуди.
Кај нас има доктори на науки без работа :)
Со лопата да ринеш.. Адвокати и економисти врие, ама добро за тоа самите сме криви заради тоа што требаше да се затвори на неколку години затоа што има гооолем вишок!
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Од една страна жално, човек кој толлку вложил во себе да остане на улица без ништо... Од друга страна „на волкот му е дебел вратот оти сам си ја врши работата„ - кој чека да го собере од улица и да му рече дојди работи кај мене, сам треба да се снајде, кај нас има еден куп огласи за вработување, шо не би било случај ако нема работа, е сеа не се сите за директори, и не се плаќаат сите по 1000 евра, али мора да се почне од некаде. Ако испаднат вака сите невработени на улица што ке биде, само повеке работа за полицијата и ништо повеке
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Со оглед на тоа дека е приведен, сè уште не знае дека среќата му се насмевнала. Можеби ова му било и добра ТАКТИКА да се продаде.
Можеби ова му било и добра ТАКТИКА да се продаде.
Ова му било и добра ТАКТИКА да се продаде.
Добра ТАКТИКА да се продаде.
ТАКТИКА

Сфативте? Или треба да имате 2 факултети? :p
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Можеби ова му било и добра ТАКТИКА да се продаде.
Ова му било и добра ТАКТИКА да се продаде.
Добра ТАКТИКА да се продаде.
ТАКТИКА

Сфативте? Или треба да имате 2 факултети? :p
Некој нoв вид на Итар Пејо. :p Се снашол..
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Со лопата да ринеш.. Адвокати и економисти врие, ама добро за тоа самите сме криви заради тоа што требаше да се затвори на неколку години затоа што има гооолем вишок!
Не секој е добар адвокат, економист. Треба да имаш мозок, срце и желба за да ја работиш таа работа. Кај нас овие 3 работи се наоѓаат кај секој 10ти, така да може да се каже дека имаме дефицит. Не е важно што ти пишува на дипломата, важно е што и колку имаш во главата :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Жив пример ми кажа татко ми пред некој ден: човек кој докторирал на економски факултет работи како курир во банка...
И после ќе немаме желба да учиме... Е па ќе немаме, дури има вакви примери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Жив пример ми кажа татко ми пред некој ден: човек кој докторирал на економски факултет работи како курир во банка...
И после ќе немаме желба да учиме... Е па ќе немаме, дури има вакви примери.
Ќе дојде денот, или можеби за тебе е веќе дојден, кога ќе сфатиш дека ако завршиш факултет, тоа не значи дека работата веднаш ќе ти дојде. Ќе дознаеш дека треба да се бориш, со сите последни сили. Сигурен сум, верувам, дека во твојот живот, има моменти за кои жалиш, во смисла, дека не си изреагирала/направила како што си сакала, туку тотално спротивно. Затоа луѓе, научете веќе еднаш, може да бидеш најдобар во генерацијата на факултет, може да имаш 10,00 просек, ама ако не знаеш како да им го докажеш тоа на луѓето кои што ќе те вработат, и ако некој со 6,00 просек, знае, и го земе твоето посакувано место, не се виновни другите... Виновни сте си самите вие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia. and JaMi