Учењето не секогаш те води кон работно место (за кое си учел).
Денес учењето ретко се бара. Во оваа наша демократко-капиталистичка држава-протекторат не ти треба учење за да успееш во животот. Прво ти требаат врски. Џабе имаш диплома, кога немаш врски. Имам сретнато доволно примери. Еве некој:
- Сестра ми заврши лаборант пред три години со просек над 9.5. Притоа работеше како волонтер во Прилеп, Битола и Крушево. Работа за неа нема ни како обична медицинска сестра. Причина: не е член на некоја партија сателит на партијата на власт. Еве сега, се запиша на економски факултет.
- Мој колега од факултет, постар од мене десет години. Јас факултетот го прекинав и се вработив, тој го заврши. Еве го работи слична работа ко мене. А човекот заврши, а јас имам само една година факултет.
Така да, џабе е да учиш кога немаш врски, не си партиски обоен. Затоа државата старее. Младите не се луди да работат за 10-12000, а се 31 ден на работа, некогаш и повеќе од 31 работен ден. Се надевам дека имам право на пасош и заминувам од оваа е*ана земја.