Saladin Сето тоа е во ред, но тоа што модерната уметност се труди повеќе да биде прифатена од луѓето отколку да има поголема уметничка вредност е она што мене лично ми смета. Не може бе дете земало гитара врска нема од свирење, дрмнал два три пати на ненаштимана гитара и да го нарекува тоа уметност, исто како и тоа со јаболките. Тоа е само уметност прифатена од квази уметнички души кои поим немаат од уметност и сакаат само да им го величат егото и да им се восхитуваат на нивните „креации“. Демек се они avant-garde. Да споредиш дело на Да-Винчи или на Гог, Рембрант, Гоген и сл. со денешниве минималистички прифатливи за секое око (пример црна позадина и шлакната само една бела на среде и растечена по платното) е грев. Не оди тоа. Не може детенце што вчера видело бои и зело со рацете ги рашлакало по платното да биде уметност. Тоа е апсурд да го наречеш уметност, а трагично е што луѓето мислат дека тоа е којзнае што и плаќаат милиони за такви слики, додека оние кои цел живот го посветуваат на изучување и развивање техники за изразување поминуваат речиси незабележано и живеат затворен живот. Уметноста баш кај нас во Македонија се развива во затворени кругови. Оние кои прават изложби сите работат заедно и се почитуваат (што им го почитувам многу) но на нивните изложби нема многу луѓе, дури речиси истите се цело време. На музика која има уметничка вредност речиси и да нема публика. Јас сум присуствувал на многу џез свирки во Македонијава, ама таму гледав едни исти фаци. Уметноста не е за сите.