Да се играше фудбалот едно полувреме, вчера ќе беше една од најлудите ноќи во Лигата на шампиони.

3-4 резултати (Јунајтед, Јуве, Барса и Челзи) и тоа како отскокнуваа од „стандардот“, но и добро е тоа, затоа што да не се лажеме, групите (со исклучок на онаа кајшто се Реал, Борусија, Ајакс и Сити) и не се баш навидум интересни. Јувентус по којзнае којпат докажа дека стилот на игра што го негува успева само во Италија, но е ултра-застарен за во Европа, и мислам дека нема да ги поминат групните натпреварувања - се знае од таа група кои се конкурентите, Шахтјор и Челзи.