Ме инспирира Marick14 за да ја напишам темава..тој за сауна-јас за турска бања 
Турска парна бања е уживање во просторија исполнета со пареа. Во неа има изработено лежалка со мермерна плотна со инсталирано греење во неа, на која што се врши масажа пенлив сон и пилинг на телото.
Нејзиното делување е повеќекратно:
-Температурата во парната бања ги стимулира виталните функции, го зајакнува имунитетот и на телото му дава додатна енергија.
-Топлата пареа ги отвора порите, помага при исфрлување на токсините ја чисти епидермата која постанува мека и нежна.
-Во комбинација со ладен туш, ја подобрува циркулацијата, помага при отстранување на целулитот и обнова на ткивата.
Се добива чувство на уживање и опуштање, во почетокот да не се седи повеќе од 10мин, а после може и максимум до 25мин. Температурата треба да се намести помеѓу 35 и 50 степени. Препорачливо е да се користи сунѓер за тело, заради отстранување на мртвите клетки.
После турската бања, се оди на туширање. И она што е важно е дека во бањата се губи доста телесна течност, и затоа после излагање треба да пие вода, чај или сок за да се надомести изгубената течност. Тука може и да се прави ароматерапија, каде во генераторот се ставаат миризливите екстракти и се добива една додатна релаксација. Мирисот од секој екстракт различно делува на организмот, ги освежува, стимулира, смирува прочистува дишните патишта, делува антибактериско а кај некои има и антицелулитно дејство.
Разлика помеѓу парна бања и сауна во сауната со загревање на вулканските камења се создава сув и топол воздух, а во парната бања се загрева водата и така се создава пареа. Во парната бања повеќе ќе се испотите отколку во сауната.
Сте биле во турска бања и каде? Ваши впечатоци?
Ако не сте биле, имате желба?
Јас бев лани во Банско и многу ми се допадна. Имам проблеми со синусите и мислам дека ми помогна малце..носот цело време ми течеше па така и сите бактерии од синусите ми излегоја
извор