1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Турска бања-амам

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од emzzy, 7 јули 2012.

  1. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Ме инспирира Marick14 за да ја напишам темава..тој за сауна-јас за турска бања :giggle
    Турска парна бања е уживање во просторија исполнета со пареа. Во неа има изработено лежалка со мермерна плотна со инсталирано греење во неа, на која што се врши масажа пенлив сон и пилинг на телото.
    Нејзиното делување е повеќекратно:
    -Температурата во парната бања ги стимулира виталните функции, го зајакнува имунитетот и на телото му дава додатна енергија.
    -Топлата пареа ги отвора порите, помага при исфрлување на токсините ја чисти епидермата која постанува мека и нежна.
    -Во комбинација со ладен туш, ја подобрува циркулацијата, помага при отстранување на целулитот и обнова на ткивата.
    Се добива чувство на уживање и опуштање, во почетокот да не се седи повеќе од 10мин, а после може и максимум до 25мин. Температурата треба да се намести помеѓу 35 и 50 степени. Препорачливо е да се користи сунѓер за тело, заради отстранување на мртвите клетки.
    После турската бања, се оди на туширање. И она што е важно е дека во бањата се губи доста телесна течност, и затоа после излагање треба да пие вода, чај или сок за да се надомести изгубената течност. Тука може и да се прави ароматерапија, каде во генераторот се ставаат миризливите екстракти и се добива една додатна релаксација. Мирисот од секој екстракт различно делува на организмот, ги освежува, стимулира, смирува прочистува дишните патишта, делува антибактериско а кај некои има и антицелулитно дејство.
    Разлика помеѓу парна бања и сауна во сауната со загревање на вулканските камења се создава сув и топол воздух, а во парната бања се загрева водата и така се создава пареа. Во парната бања повеќе ќе се испотите отколку во сауната.

    [​IMG]

    Сте биле во турска бања и каде? Ваши впечатоци?
    Ако не сте биле, имате желба?

    Јас бев лани во Банско и многу ми се допадна. Имам проблеми со синусите и мислам дека ми помогна малце..носот цело време ми течеше па така и сите бактерии од синусите ми излегоја :p
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    извор
     
    На InnaLaurie, JaMi, Marick14 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Snow

    Snow Староседелец

    Зачленет на:
    29 април 2012
    Мислења:
    677
    Допаѓања:
    440
    Не сум бил..(shake)
    Нејќам ни да одам..(shake)
    Кога лисјата паѓаат ?:biggrin
    [​IMG]
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Би отишол на вакво нешто.
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. InnaLaurie

    InnaLaurie Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    281
    Допаѓања:
    322
    Не сум била но по ова што го прочитав имам желба да посетам турска бања.
    И по можност некој згоден масажер во тек на целиот престој во бањата да ме масира. :igra
     
    На TIGERWOMAN31SK и emzzy им се допаѓа ова.
  5. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Две жештини одеднаш,тешко се трпат :)

    Сум била,да.
    Комбинираш прво сауна,после амамот.
    После одма во кревет и спиеш џоа бебенце. :sreken
     
    На emzzy и InnaLaurie им се допаѓа ова.
  6. Lovely*-*

    Lovely*-* Староседелец

    Зачленет на:
    27 мај 2012
    Мислења:
    230
    Допаѓања:
    164
    Јас имам ојдено ама во еден хотел во Банско :showoff
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Тука кај нас во Скопје кај има амам?
     
  8. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Стара скопска чаршија (клик)
     
    На Marick14 и drugarki им се допаѓа ова.

Сподели: