Казни од 2.000 евра за странски туристички агенции кои на територијата на Македонија водат групи без ангажирање на локални туристички водичи (државјани на РМ), ќе бидат изречувани од страна на туристичката инспекција. Овие легитимации треба да им послужат на водичите и за идентификување пред надлежната инспекција, која согласно овластувањата, на водич без ваква легитимација може да му изрече мандатна казна од 100 евра, а и да му поднесе соодветна пријава.
Ова, покрај другото, беше соопштено на вчерашниот состанок на туристичките водичи во Охрид, на кој Бранко Босилков - член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам на Македонија на водичите им ги врачи новоиздадените легитимации, чие истакнување од сега е нивна законска обврска.
Здружението на туристички водичи на Македонија најавува и креирање на нова веб страница, со профили на сите лиценцирани туристички водичи како и на туристичките инспектори.
Новитет ќе биде и истакнување на распоред на смени и на работното време на дежурните туристички инспектори, како позитивно искуство преземено од нашите соседи, а ќе биде отворена и телефонска линија за пријавување на неовластени туристички водичи присутни на културно-историските локалитети низ земјава, информираат од Здружението на туристички водичи.
Информации за добивање на сертификати за туристички водич
Предмети кои се полагаат:
За туристички водич се полагаат следниве предмети:
Мислење за нашите туристички водичи, маани, позитивни мислења...

- Хотелиерство и патнички агенции
- Основи на туризмот
- Туристичка географија
- Културно наследство
- Комуникативно - пропагандна дејност
- Култура на однесување
- Странски јазик
Износ кој треба да се уплати:
1.Вкупниот износ за полагање - Туристички водич изнесува:
- за упис/пријавување: 5.000 денари;
- за стручен материјал: 1.000 денари;
- за консултативна настава: 5.000 денари;
- за полагање: 2.100 денари;
- за серификат: 3.000 денари.
ВКУПНО: 16.100 денари
Доколку кандидатот има диплома од Факултет за туризам и бизнис логистика или Факултет за туризам и угостителство, согласно со Законот за туристичка дејност, член 33/а, се ослободува од полагање на испити. Притоа треба да достави барање за признавање на испити и уверение за положени испити од ФТБЛ или ФТУ. Во тој случај уплатува само вкупен износ од 8.000 денари.
Дали до сега сте имале лошо или добро искуство со туристичките водичи низ земјава и странство?Мислење за нашите туристички водичи, маани, позитивни мислења...