Тој/таа е вистинскиот/та, но сепак не е...

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Конечно сте со некој со кој можете за се да зборувате, се надополнивате, се сакате и се ви е како подмачкано. Мед и млеко. И велите тој или таа е правиот правата и после пред свадба или после долго време тој или таа киксне нешто или направи голема грешка и тогаш сфаќате дека не е правиот правата ... Искуства ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and apple-girl

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Is she is or is she ain`t my baby работава.

Нема правиот/правата - тоа се идеали со кои си го потхрануваме егото за да ја зацврстиме врската. Во либералниот свет дури ни бракот не претставува ништо.
 

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
Јас мислам дека сепак е само нашата слика што ја имаме за некој е онаа што го прави идеален .. па со тоа колку повеќе го запознаваме толку сваќаме дека не е идеален .. а сепак несовршеностите го прават човек онаков каков што е .. Искрено не верувам во идеален партнер бидејки за да се постигне идеална врска ..не е потребен идеален партнер ..треба и самите да бидеме идеални .. а сепак да бидеме искрени .. луѓе сме и сме далеку од идеалот ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, parvati and Saladin

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
и после пред свадба или после долго време тој или таа киксне нешто или направи голема грешка и тогаш сфаќате дека не е правиот правата ...

Нема човек кој не греши. Фала Богу дека секој ќе греши, секој ќе е лут на моменти, тоа е дел од секоја здрава и рационална врска.

Види, имаш 2 типа на партнери:
- Оној со кој ти е убаво
- Оној со кој не ти е убаво.

Ако си со некој што ти е убаво, ќе се научиш дека не си сам во врската, ќе простуваш, ќе си ги прошириш видиците и полињата во животот. Фала Богу дека ќе си зачуваш некои граници, црвена линија до каде што смее да се оди, но во принцип со луѓето со кои ти е убаво, нема барање на рачки.
Што ме носи до вториот тип, односно со некој што не ти е убаво. Колку и да е тој некој идеален, колку и да е совршен како партнер кој би го имал покрај себе, доколку нема хемија и страст пиши пропало. Се ќе те нервира, за се ќе се лутиш, се ќе ти смета.

И плус, нема човек што не се запрашал барем еднаш во врска дали парнерот е вистинскиот/вистинската. Тоа е во човечката природа, и е сосем нормално.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
36
Скопје
она што е идеално за мене, сигурно не е идеално за сите... прав/а не постои, колку што знам и безгрешни веќе нема така да сигурно се прават киксови како што викаш ама се додека не направил огромна грешка СПОРЕД МЕНЕ тогаш се е ок :zelen а ако се случи и нешто такво тогаш се дознава зошто некој го измислил разводот ;)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Процедурално: името на темата да се смени од: Тој / таа е правата/ правиот но сепак не е ... во Тој/Таа е правиот/правата но сепак не е...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
И јас мислам дека не постои правиот/правата, тоа е само нешто што ние сакаме да си го зацртаме во главата дека е така..Никој не е идеален за никого, па ни сам за себе.
Може да ти е убаво со некого, но никогаш не треба да речиш е тој/таа е правиот/правата зошто си ги ограничуваш своите видици, се ограничуваш себеси..Ја губиш можноста во друг да го пронајдеш она вистинското, она што навистина ти е потребно, она за што дотогаш си сметал дека веќе го имаш,а всушност никогаш и си го немал не си бил ни свесен што е тоа..
Кога ќе го пронајдеш, ќе знаеш дека тоа е тоа..но никогаш не се губи можноста дека може да биде и подобро од тоа... : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Конечно сте со некој со кој можете за се да зборувате, се надополнивате, се сакате и се ви е како подмачкано. Мед и млеко. И велите тој или таа е правиот правата и после пред свадба или после долго време тој или таа киксне нешто или направи голема грешка и тогаш сфаќате дека не е правиот правата ... Искуства ?

Совршена е онаа девојка која што јас си ја имам зацртано во глава и е према мои критериуми.
А совршено нема.Ништо не е совршено нити пак вечно.
Мораш да направиш компромис и да се помириш со некоја маана/недостаток или што и да е која ја има девојката.
Искуства многу, ама ми биле лабави.А иде со мене а не иде исто ми е.
До сеа само еднаш сериозно се поебав многу.
После нејзе премногу менување на партнерки и тоа не е на арно.
А сеа сум во врска и сеа за сеа најдобра врска до сеа.Лајт.
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Мхх постои таа една која знае како дишеш што ти треба моментално како да те смири како да те развесели како да ти го освои пак и пак срцето :) :)