Тајна врска со зафатен дечко

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Абе типот во многу тесна дупка е. Си користи по нешто од двете, таа кутрата не знае дека тој лаже 2 во исто време а ти знаеш и пак се мешаш.
Остави го, може ќе се свести малце.. Ако не му оди со неа, ако не го задоволува во сите погледи нека ја остави и нека продолжи само со тебе. Направи му го овој муабет, пошто утре ти ќе испаднеш ’глупачата’ која му се смешала во врската.
Замисли како би ти било тебе некој да те користи и истовремено да те лаже со друга?
Таа пак, 7-8 години со него во врска и неможе да познае дека ја лаже, дека ја користи? Ах жени будали. Ама и мажите се будали 50-50 се на се.
Значи најпаметна одлука ќе ти биде ако прво разговараш со него нормален муабет, да му кажиш и објасниш некој работи а после тој нека одлучи дали ќе ја остави неа и ќе продолжи со тебе или обратно. Секако, немој да го присилуваш да ја остави неа за да продолжи со тебе, и искрено подобро ќе му биде да продолжи со неа за да ти можеш да си најдеш некој друг. Овој веќе го знаеш каков лажго е па не ти треба таков, може утре тебе да те лаже со некоја друга и тн..
За него најдобро ќе е да остане сам, да ве изгуби и тебе и таа другата..па да му дојде умот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "Peperutka"

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Самата си го даваш одговорот.
Ти во него ја гледаш сигурноста, не обратно. Обично кога човек од болна врска влетува веднаш во нешто ново со надеж дека ќе си помогне себеси побрзо да ги излечи раните, подоцна сфаќа дека згрешил. Типов дошол во прав момент, ти го дал она што ти недостигало и тоа е тоа, си западнала во таа замка без да погледнеш на негативностите.
А штом имаат по 22 години, а се во врска веќе 7-8 години, јасно е. Се врзеш уште на 14-15 години, оди додека оди, а потоа навалуваат хормони, сакаат да пробаат нешто различно, тие буквално заедно израснале и веќе станало монотоно, воопшто не ме чуди што побарал некаков “вентил“ од секојдневието.
Со 19 години, нека ти биде ова една лекција дека не ти треба ниту ко претходниот што те малтретирал, ниту ваков што те крие и кому си му само по потреба. Убаво е да прекинеш првенствено за себе, да не се потценуваш и да дозволуваш да бидеш втора шупелка, туку да најдеш некој што пред сите ќе те претставува ко своја девојка, а не да те крие по ќошиња плашејќи се да не ве видат. Нема иднина во тоа, ако не се сменило за овие неколку месеци, нема да се смени ни понатака. Тој те фатил на финта, видел што ти одговара и ги прави тие работи за да те задржи ко разонода, но верувај, нема да раскине.
И сама велиш дека не си заљубена туку само ти е убаво бидејќи го добиваш она што ти недостигало и има некој да те сослуша, а тоа можеш да го имаш со слободен дечко кој ќе биде само твој и покрај кого нема да се чувствуваш искористено, а и стави се малку од страна на девојката, ги истрошила најубавите години на некој кој не ја цени доволно, замисли во која драма ќе се вовлечеш кога кога-тогаш ќе се дознае. Немој никогаш да дозволиш да градиш среќа врз туѓа несреќа.
Сепак...ако изневерил со тебе, немаш гаранција дека нема да те изневери и тебе.

Нерелевантно, ама веќе ништо не ме чуди кога имам школски (21 година) кој ја изневеруваше девојката со 14 годишна. :D
(handshake)(handshake)(handshake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Слушај ги пеперутке овија наши девојчики, паметни су знам ; )

Не биди пеперутка сс манири фром Шутка
не се боди од цфет на цфет
и живот ке ти е сладак како мед
искочи од овој бед
лет лет
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ме интересира уште колку ќе трае сапуницава :rofl Баш сте интересни, извинете за оф топик, продолжете....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ова ми наликува по малку и на шпанска серија :p
Кај што злобната Лукресија и кажува на Каталина дека Оскар ја изневерува:svirka
И потоа Каталина ке оди кај Оскар ке му залепи шамар и ке го праша зошто и го прави тоа,со што заслужила.(wasntme)
Деца бе деца...
Не се прави овде невина и наивна кога одлично знаеш дечково каков е...
Кажи и ти па после ке си ја бараш косата по улицата :D
А и да кажам дека девојка му заслужува да знае со каков го дели креветот.
Не за друго,не заслужува лажење.Па и најубавите години си ги поминала со него.
Чеј чеј сеа нешо као одмазда и да си паламуди его со вакви ствари, да си праи додатни проблеми за некој кој се спонзорира од цура веќе 7 години? ДА СИ ТРОШИ ДОДАТНО ВРЕМЕ?
Башка една година е, не е до толку страшно. Финтата е - не како, зашто и колку да му се одмаздува, него што понатаму без него. Затоа што по сите ствари што ги има наредено тука за него, начинот на кој тој постапува со неа, шуткањето навака натака, шетањето на опавчето понастрана, да се запраша човек кои му се вистинските вредности и дали вреди за него. Откај знаеме ние па и она дали само нив две ги обработува?
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Zosto deckoto prodolzuva so dvete?
Ednata mu nudi sigurnost a taa "zabranetata" mu nudi opustenost, zabava,odlicen sex...
nesvatliv e...

Зошто несватлив кога тебе те користи само за забава чисто ради ќејф ;)
си има девојка сигурна со која ќе тера иднина, инаку зошто не ја оставил во првите година дена од колку што сте оделе скришно ??
намерата му е повеќе од јасна те користи само за забава.
А ти само си го губиш времето со него место да си најдеш некој што тебе ќе ти одговара.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Чеј чеј сеа нешо као одмазда и да си паламуди его со вакви ствари, да си праи додатни проблеми за некој кој се спонзорира од цура веќе 7 години? ДА СИ ТРОШИ ДОДАТНО ВРЕМЕ?
Башка една година е, не е до толку страшно. Финтата е - не како, зашто и колку да му се одмаздува, него што понатаму без него. Затоа што по сите ствари што ги има наредено тука за него, начинот на кој тој постапува со неа, шуткањето навака натака, шетањето на опавчето понастрана, да се запраша човек кои му се вистинските вредности и дали вреди за него. Откај знаеме ние па и она дали само нив две ги обработува?


за жал тоа е вистина колку помалку ја третираш девојката повеќе добиваш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "Peperutka"