Тајна врска со зафатен дечко

"Peperutka"

Нов член
10 ноември 2012
28
1
3
битола
Ај да почнеме од почеток да ја разработиме шпанската серија:)
Знам дека повеќето ме осудуваат а и треба,но таков е животот.
Јас пред да се запознаам со дечкото бев во врска 2 години од кои последните неколку месеци ми беа ПЕКОЛ бев навредувана па дури и многу пати и удрена,знам дека ќе речете како сум можела да го трпам сето тоа, но ете сега и самата си викам КАКО МОЖЕВ?
И наместо јас да прекинам,Дотичниот господин побара пауза, и бевме на пауза,се гледавме чат-пат,во меѓувреме се појави фраеров со девојката, онака чисто пријателски се дружевме, за сето тоа на крај да излезе една афера која трае до денес, јас со него почнав да дознавам што е нежност,се понашаше си мене како кон кралица и до ден денес е така можеби сето тоа е лага но барем се чувствувам како да сум кралица во моментите кога сум со него, а кога ќе си појдам дома е тешкото,тогаш ми доаѓа на памет дека можеби сум искористена, но секогаш се тешам со мислата дека барем тие моменти се убави, не сум заљубена само ги сакам моментите со него, најбитно ми е што можам за се да направам муабет со него, што ме разбира и ми помага.
Ќе прекинам со него и тоа за скоро,зошто стварно ова не оди никаде и мислам дека овој пат ќе имам сила.
Не го напишав сето ова за некој да ме сожалува или оправдува,само сакав да ги разјаснам работите.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Мене не ми е јасно зошто ми објаснуваш што како иде, коа и двајцата се сложуеме во врска со проблемов. Малце фалеше да те чепнам за машките и спонзорушите но имаш едно „И“ во мислењето што пак доведува донекаде и до сложување комплетно со истото. Конкретно за проблемов, да - и мажите се спонзоруши. Зависи кои. Исто и за жените. Мрзам генерализација увелико, затоа анализирам единка по единка. За проблемов - точно, мушково е спонзоруша, финансиерот го знаеме, а ја знаеме и наивната странка. Затоа и и` го илустрирав оноа сценарио како можно, норално со сите свои сознанија што ни` ги има изнесено пеперутчево.
Е сеа конкретно за љубав и пари е комплексна ситуацијата. Зависи као парата се сфати. Ако е као комфор, никад нема да се има среќа во љубов. Има една тенка граница помеѓу комфор и потреба. Ама за тоа во друга тема.
Знам дека се сложуваме ние ;) ете и двајцата мразиме генерализаци :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Самата си го даваш одговорот.
Ти во него ја гледаш сигурноста, не обратно. Обично кога човек од болна врска влетува веднаш во нешто ново со надеж дека ќе си помогне себеси побрзо да ги излечи раните, подоцна сфаќа дека згрешил. Типов дошол во прав момент, ти го дал она што ти недостигало и тоа е тоа, си западнала во таа замка без да погледнеш на негативностите.
А штом имаат по 22 години, а се во врска веќе 7-8 години, јасно е. Се врзеш уште на 14-15 години, оди додека оди, а потоа навалуваат хормони, сакаат да пробаат нешто различно, тие буквално заедно израснале и веќе станало монотоно, воопшто не ме чуди што побарал некаков “вентил“ од секојдневието.
Со 19 години, нека ти биде ова една лекција дека не ти треба ниту ко претходниот што те малтретирал, ниту ваков што те крие и кому си му само по потреба. Убаво е да прекинеш првенствено за себе, да не се потценуваш и да дозволуваш да бидеш втора шупелка, туку да најдеш некој што пред сите ќе те претставува ко своја девојка, а не да те крие по ќошиња плашејќи се да не ве видат. Нема иднина во тоа, ако не се сменило за овие неколку месеци, нема да се смени ни понатака. Тој те фатил на финта, видел што ти одговара и ги прави тие работи за да те задржи ко разонода, но верувај, нема да раскине.
И сама велиш дека не си заљубена туку само ти е убаво бидејќи го добиваш она што ти недостигало и има некој да те сослуша, а тоа можеш да го имаш со слободен дечко кој ќе биде само твој и покрај кого нема да се чувствуваш искористено, а и стави се малку од страна на девојката, ги истрошила најубавите години на некој кој не ја цени доволно, замисли во која драма ќе се вовлечеш кога кога-тогаш ќе се дознае. Немој никогаш да дозволиш да градиш среќа врз туѓа несреќа.
Сепак...ако изневерил со тебе, немаш гаранција дека нема да те изневери и тебе.

Нерелевантно, ама веќе ништо не ме чуди кога имам школски (21 година) кој ја изневеруваше девојката со 14 годишна. :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пеперутче, послушај ја Електра досеа најприземно без некои керефеки ти има објаснето што како би стоеле работите. И мани го овој. Спонзоруша е, никад нема да биде среќен чим парите му се све у животу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "Peperutka"

"Peperutka"

Нов член
10 ноември 2012
28
1
3
битола
Да знам дека е грдо и за незе сето ова зошто сепак таа ги поминала најубавите години со него,јас знам дека грешам и верувај ми навистина мислам и на незе,зошто да бев некоја покварена таа ќе дознаеше до сега...
Ќе прекинам но многу се плашам од нова врска,нов почеток...дали постои искрено машко на денешницава? ????????
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Да знам дека е грдо и за незе сето ова зошто сепак таа ги поминала најубавите години со него,јас знам дека грешам и верувај ми навистина мислам и на незе,зошто да бев некоја покварена таа ќе дознаеше до сега...
Ќе прекинам но многу се плашам од нова врска,нов почеток...дали постои искрено машко на денешницава? ????????
како бе така размислуваш дали постои искрено машко а само 19 год имаш искреноста проследена со почитување на еден спрема друг не се добива преку нок него се заслужува ...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
"Peperutka" сум била и во ситуација да се чувствувам извисено и изиграно, сум била и во ситуација кај што сум можела да бидам “таа втората“, но поради низа причини не сум прифатила, туку не е приказнава за мене.
Поентата ми е, и јас и во двете ситуации сум се прашувала истото, има ли, нема ли, кај ли се, кои се, јас ли сум крива, тие ли се криви, кој згрешил, како згрешил, каде згрешил, па можело ли вака, зошто не било онака...итн итн...проблемот е што размислуваме откако ќе го искусиме нештото и тука настанува сета збрка.
Да, постојат добри и искрени кои ќе те почитуваат и ценат, но на оваа возраст и под притисоците на ваквото општество, истите се преретки. И јас си ја оптеретував психата со тие прашања до пред многу малку време, и да бев таа старата, прва ќе рипнев да ти судам до 101 и назад, но ко за среќа бев сведок на неколку ситуации кои ми ја сменија перспективата.
Секој греши, свесно, несвесно, намерно, ненамерно. Во моментот изгледа правилно и не личи на грешка, грешка станува кога околностите не излегуваат посакувано. Од тој момент, на нас останува што ќе правиме.
Ќе си најдеш некој што ќе ти значи, не некој што само ќе пополнува празнини и време.
Ај, среќно со одлуката и не губи надеж. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "Peperutka"

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ти пеперутке не си ми јасна зошто не си ставила крај на вашата"врска."
А батето ве зеза и двете.
Алал да му е...
Ја жалам и неговата друга девојка.
Како можеш да трпиш?
Не ти се гади кога го бацуваш знаејки дека претходно пред да се најде со тебе бил со друга?
Сама си крива...
А верувај тој нема да ја прекине врската со нејзе.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
колку ти е глупавп прашањево...
што ако таа дознае???
што мислиш што ке се случи ако дознае???
мошеш да си претпоставиш,стави се на нејзиното место..што би се случило или што би направила ако дознаеш дека дечко ти со кој си 7 години заедно има друга покрај тебе???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ова ми наликува по малку и на шпанска серија :p
Кај што злобната Лукресија и кажува на Каталина дека Оскар ја изневерува:svirka
И потоа Каталина ке оди кај Оскар ке му залепи шамар и ке го праша зошто и го прави тоа,со што заслужила.(wasntme)
Деца бе деца...
Не се прави овде невина и наивна кога одлично знаеш дечково каков е...
Кажи и ти па после ке си ја бараш косата по улицата :D
А и да кажам дека девојка му заслужува да знае со каков го дели креветот.
Не за друго,не заслужува лажење.Па и најубавите години си ги поминала со него.