Моите се во брак веќе 22 год. Никогаш не ни било сјајно дома но последнава година станува пекол... Таткоми е нервозен човек, не дава пари дома, не ни купува ништо, не работи а мајками кутрата на се се надеваше само никогаш не помисли дека таткоми ќе фати друга жена. Секогаш беше 100 % сигурна дека таткоми никогаш не би ја изневерил, бидејќи 21 година се немаше сомневано во таква работа... А таткоми е најоглемиот кретен на светот, почна да се к*рва со комшивката што живее подолу од нас.. А нејзиниот маж е еден пијаница не работи а на оваа и треба некој што ќе и дава пари за цигари и го најде таткоми, најде овца и ќе ја стрижи.. А и порано и излегоја муабети нејзе дека оди со мажи за пари.... Ние се очекувавме од таткоми само ова не.. Мајками ја гледам секој ден како го шпионира таткоми, му го зема телефонот, гледа повици,броеви и секој пат бројот на онаа к*рвата стои во последни повици.. Таткоми е ѓубре, си купи друг телефон само за да зборуваа со неа, да се договараат каде да се најдат... Дома само вика, само му пречиме, само ја гледа мајками со инает чиниш ќе ја убие... Многу ми е тешко, знам што се дешава дома а не знам како да и помогнам на мајками,, безброј кавги имаа, мајками му кажа дека знае се а он не признава он и вика ОДИ ЛЕЧИ СЕ значи оваа работа е година и пол.. Јас една вечер и пишав на онаа к*рвата порака се и изнапишав но оние пак продолжуваат. За оваа работа сите знаат но никој ништо не зборува.. И велам на мајками нека се разведи пошто вака не оди , гледам јас се, не сум мала. Сакам сите да зборуваат за таткоми, дека он важеше за "домаќин" сакам сите да го исмеваат, да го покажуваат со прст пошто тоа и го заслужува, за се што и прави на мајками... Го мразам, ништо не го интересира за мене, сакам да умри, сакам да плати за све и ќе плати еден ден.. Бог гледа се, ја гледа неправдата кон мајками.... Сакам да ги убијам и двата, не се трпи ова повеќе, да ја гледам секој ден мајками како се треси кога го гледа телефонот на таткоми, последен повик, колку траел повикот.. Не се издржува ова повеќе....