Ситуација број еден:
Во рандом скопски кафич излагам со женско друштво. Дечко од 25 години ми пристапува со муабет, односно сакал да ми постави две прашања:
- Дали носам прслук и ако носам кој број носам?
Ситуација број два:
Пред неколку години, четврта средно, едно сабајле од 22ка се симнав за да идам накај школо. Мртва фаца, коса лом, натажен сурат, цел свет ти е крив пошо е факинг 7 сабајле. Како што идам со ранчето у Лептокарија ми улетува триесетгодишен дечко со актовка, ципела и муабет: Добро утро цуро (и ми ја зема раката и ја бацува). Wtf?!?! OMF!!
Човече си удрив неколку шлаканици да се освестам дека не сањам, дека е стварно 7 сабајле. Така си размислував и тогаш и сеа, ама битно накај школо идев со свежа фаца. Проста и неверојатна клише фраза, демонстрирана во вистинско место на вистинска личност за да и дигне самодоверба и расположение. Плус тој ден добив 5ка.
Туку ме чуди една ствар? Кој муабет го праите у дискотека на толку гласна музика? Кој опак муабет може да склопите без да се дерете и другите околу вас буквално да чујат се` што зборите и како се пуштате? (подеднакво важи за машки и женски).
Секое место си има различен пристап.
Во дискотека не можам да избројам колку познаници сум склопила со обичниот муабет "Девојко имаш упаљач"?
Значи нема потреба во дискотека да викате еј здраво моето име е _______ (ебате ретардираниот и несоодветен прв пристап).
Абе ќе си чекате на цурата/дечкото да налетате у вц, на пуш пауза, на шанк, кога ќе имате тесен простор да направите делумно асален муабет. Да ве примети у таа гужва, да не мора да се тргате дур зборите, зашто некој сака да помине.
Ако некоја сака да нарача пијачка, не мора као ќутуци да ја буткате или ако ве замоли фино да напраите место, да се напраите јебо пошо тоа е она сељачкото: Која е она да и праам место за да нарача или да ја смести ташната?