Сурогат мајки

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многу јасно ми е мене дека не е тоа сурогат мајка, друго сакав да кажам.
Тинејџеркава и нејзиниот случај да биде третиран како случајот со сурогат мајката. Место детето да биде дадено по домови, да му се наоѓаат родители т.е истите парови што не можат да имаат деца, и со тоа да се скратат процедурите како кај стандарното посвојување каде детето оди во дом, па потоа му се бараат родители. Ова веќе е муабет за темата посвојување да, ама кога веќе сум сигурна дека тој закон со сурогат мајките нема да вроди со плод, бар нека го изменат тој за посвојувањето.
Законите можеби би можеле да се адаптираат до некоја мера, но не и да се сменат до степен да се третираат посвојувањето и сурогатот исто.
Не дека се разбирам многу од процедурите, но кај посвојувањето сепак се работи за веќе склепано, сосема туѓо дете од странци родители, макар сме ја запознале биолошката мајка на почетокот на бременоста (што е ретко, ама сепак), па не може туку-така да се дава и третира веќе оформен живот како оној при договор со сурогат мајка каде таа само ја има улогата на носилка за пар чии генетски карактеристики идното дете ќе ги поседува.
Но да, ова е веќе сосема друга тема.
Ние сме премногу стегнати за вакво нешто, а и условите ни се мизерни. Пар со просечни плати ова не би можел да го изведе.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ова е многу осетлива тема.
Дефинитивно нешто најболно за родителот е да не може да има дете и тоа не може ништо да го смени. Но сепак, на позитивно мислење сум за оваа тема, секако доколку се знае како и што се прави. Доколку на некоја мајка не и е болно да гледа како друга жена го носи нејзиното дете, тогаш ваквиот чекор би го оправдала. Секако, не сите жени се силни за да можат да го поднесат тоа.
Не знам, поинаку е жената да има плодни јајце клетки, па со партнерот со ин витро да се оплодат, да се транспортира во друга жена и таа да го носи детето.
Сосем друго е доколку жената нема плодни јајце клетки, па другата жена дава свои и така се создава плодот. За ова, се сложувам со Електра, по мое мислење е подобро да се посвои детенце.

Медицината ми се допаѓа што оди напред, сега нормално ќе има луѓе кои ќе го злоупотребуваат тоа, што ќе се нафатат да бидат сурогат мајки само за пари, или донори на сперматозоиди исто само за пари, меѓутоа сакам да верувам дека има и такви луѓе кои го прават тоа од чисто срце и чиста душа, за да помогнат онаму каде што можат. А злоупотреба ќе има на се, не може светот да застане, како што донирањето на органите е најблагородна работа па се злоупотребува, па матични клетки кои исто така може да се злоупотребат, така и ова. Тоа се тие последици од прогресот во 21 век, меѓутоа се паѓа во вода кога краен резултат е подарок - бебе на некои кои силно го заслужуваат а не можат.

Сакам да верувам дека има луѓе кои би се согласиле да го дадат тој поклон на некои луѓе кои стварно го заслужуваат тоа.
 

Stance

Нов член
7 декември 2013
23
16
3
38
Сурогат мајка- да. Многу е позитивно според мене и не треба да се осудува за сите оние кои би се решиле на таков чекор. Многу е едноставно, и не мислам дека треба да се гледа со чудење, неразбирање и осудување. Начин на кој некој би сакале да имаат дете, или можеби начин на кој некој би сакале да си решат свои проблеми (здравствени ако постојат). :)
Во секој случај јас имам (y) за оваа постапка ;)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ако еден брачен пар неможе да има деца,т.с.жената не може да ја изнесе бременоста до крај,а несакат да посвојат дете,од непознати родители,туку сакаат свое,се бара мајка сурогат на која ке и се всади ембрионот од брачните партнери,а таа за извесна надокнада ке треба да го носи девет месеци,и после породувањето да им го даде на родителите од кои и е зачнато.Ете законот се донесе во Македонија,мислам дека во комшии околу нас сеуште го немаат донесено овој закон,а во Америка го имаат одамна.Неможеме да кажеме дали е добар или лош законот,оти партнерите кои го имаат овој проблем поинаку размислуваат од оние кои си добиле пород по нормален пат.После 6 спонтани абортуси,патолошки бремености,триста испитувања и малтретирања,а колку омаловажувачки сето тоа делува на жената,да може да забремени а ги носи само до 5 или 6 мес.па после како нормален пороѓај мора да и го извадат мртво бебето,моја позната се одлучи на овој чекор.Нема да пишам која беше надокнадата,но битно е дека се они среќно семејство,сурогат мајката е во странство и немаат некои контакти,но останува во воздух прашањето,што кога детето ке порасне,како да му се објасни дека туѓа жена ја позајмила матката за негов развиток,и што ако побара да ја види?Можете вие да давате разни мислења,а мој коментар за овој сега нов закон кај нас ке биде само-Кревам раменици и велам давај деца господе таму каде сакаат и заслужуваат луѓето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Infinity and Prashina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Rent a uterus...би било посоодветен термин...
Луѓето кога сакаат нешто многу јако се спремни на се’... Не им смета дека плодот (зачнат со нивни ќелии и ДНК- иако тоа денес ми е многу дискутабилно и не е многу за верување) ќе биде во туѓа матка, се’ само да се дојде до зацртаната цел - свое дете...
Целта ги оправдува средствата ?!...којзнае...
Можам само да замислам како им е што се решаваат и на таков чекор...21 век сме, зошто да не...
Единствено што ме замислува и што не можам да си објаснам како таа сурогат мајка лесно го дава плодот...Иако генетски не е нејзин, сепак и’ живеел во утробата 9 месеци, мрдал, болката што ќе ја осети кога го носи на свет, како може така лесно да го даде...е тоа не ми е сфатливо...
 

Infinity

Нов член
6 септември 2014
4
1
3
34
Ne mi se dopagja ova so Surogat majki,nikogash ne bi se nafatila na takvo neshto,nitu pak bi bila Surogat majka! Podobro bi posvoila!
Ednostavno mi zvuci neubavo...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Доколку некој на ниту еден друг начин не може да добие детенце, секако дека ова е супер можност. Немам ништо против тоа. Е сега само не знам колку сето тоа би успеало кај нас, со оглед на тоа дека има многу дупки по закониве. Но, и покрај тоа јас не би можела да бидам сурогат, премногу сакам деца, па така да ми расте во мене 9 месеци и после кога ќе треба да го дадам, не знам дали би можела, без разлика што ете би знаела дека не е мое.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina