Законите можеби би можеле да се адаптираат до некоја мера, но не и да се сменат до степен да се третираат посвојувањето и сурогатот исто.Многу јасно ми е мене дека не е тоа сурогат мајка, друго сакав да кажам.
Тинејџеркава и нејзиниот случај да биде третиран како случајот со сурогат мајката. Место детето да биде дадено по домови, да му се наоѓаат родители т.е истите парови што не можат да имаат деца, и со тоа да се скратат процедурите како кај стандарното посвојување каде детето оди во дом, па потоа му се бараат родители. Ова веќе е муабет за темата посвојување да, ама кога веќе сум сигурна дека тој закон со сурогат мајките нема да вроди со плод, бар нека го изменат тој за посвојувањето.
Не дека се разбирам многу од процедурите, но кај посвојувањето сепак се работи за веќе склепано, сосема туѓо дете од странци родители, макар сме ја запознале биолошката мајка на почетокот на бременоста (што е ретко, ама сепак), па не може туку-така да се дава и третира веќе оформен живот како оној при договор со сурогат мајка каде таа само ја има улогата на носилка за пар чии генетски карактеристики идното дете ќе ги поседува.
Но да, ова е веќе сосема друга тема.
Ние сме премногу стегнати за вакво нешто, а и условите ни се мизерни. Пар со просечни плати ова не би можел да го изведе.