Здраво, здраво!
Знам дека е нешто што речиси секоја трудница ја мачи и знам дека има мал милион иљачи и народни, а сега по ново и еден куп козметички препарати.
Во првата бременост од денот кога дознав до 6 месеци откако се породив се мачкав два пати на ден со павловичева комбинирана со Bio-Oil. Ова масло го немаше кај нас ми го носеа од секаде, јас си го купував од Грција и Бугарија. Се мачкав од градите до колена буквално! Стрии не ми се појавија никаде. Единствено на градите кога кратев подои, но и тие исчезнаа после некое време со мачкање на оваа комбинација.
Со втората бременост искрено забушавав и заборавам да се мачкам се додека една ноќ не можев да престанам да се чешам и утрото бев по стомакот цела со модри стриички.
Се заинатив и почнав интензивно три пати на ден да мачкам Павловичева со Bio-Oil (имам останато од првата бременост) и за две недели се повлекоа. Знам дека звучи магично и нереално, ама за мене ова е добитна комбинација.
Гледам дека го донеле Bio - Oil во DM Markt, но имаше само од мало пакување 80ml и некако цената ми се виде повисока отколку од надвор- 860 денари. Сега си нарачав нова тура од E-bay па ќе видиме што ќе стигне.
Споделувам проверено искуство и драго ми е ако помогнам некому.