Стрии во бременост - што сте користеле и препораки

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Здраво, здраво!
Знам дека е нешто што речиси секоја трудница ја мачи и знам дека има мал милион иљачи и народни, а сега по ново и еден куп козметички препарати.
Во првата бременост од денот кога дознав до 6 месеци откако се породив се мачкав два пати на ден со павловичева комбинирана со Bio-Oil. Ова масло го немаше кај нас ми го носеа од секаде, јас си го купував од Грција и Бугарија. Се мачкав од градите до колена буквално! Стрии не ми се појавија никаде. Единствено на градите кога кратев подои, но и тие исчезнаа после некое време со мачкање на оваа комбинација.
Со втората бременост искрено забушавав и заборавам да се мачкам се додека една ноќ не можев да престанам да се чешам и утрото бев по стомакот цела со модри стриички.
Се заинатив и почнав интензивно три пати на ден да мачкам Павловичева со Bio-Oil (имам останато од првата бременост) и за две недели се повлекоа. Знам дека звучи магично и нереално, ама за мене ова е добитна комбинација.(hug)
Гледам дека го донеле Bio - Oil во DM Markt, но имаше само од мало пакување 80ml и некако цената ми се виде повисока отколку од надвор- 860 денари. Сега си нарачав нова тура од E-bay па ќе видиме што ќе стигне.
Споделувам проверено искуство и драго ми е ако помогнам некому.
 

Прикачувања

  • 81wLjBgVl4L._SY741_.jpg
    81wLjBgVl4L._SY741_.jpg
    42 KB · Прегледи: 2
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ова претпоставувам е супер и за стрии од вишок килограми.
Всушност, дури се црвени де. :zelen
Другарка има многу проблеми со стрии од нагли промени во килажата, но и таа и друга другарка, која е со две бремености зад себе, користеа кокосово масло и пантенол, чинам. Е сега, не знам дали правеле некаков микс или едното наутро, другото навечер, но и двете се задоволни.
Јас имам малку стрии над колковите, но се веќе бели и не ми пречат т.е. не сум замарила ни колку се видливи. Пробав со кокосово, ама секако нема некој ефект на бели, освен што ја прави помека кожата, но и тоа е плус, нели. :D
Само некако ептен се осеќав ко маринирана, можеби и премногу ставав, па немаше кај да се впие толку.

Интересна комбинацијава, вреди да се има предвид. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас никоаш не сум бил бремен колку што знам но иам стрии по нозе поради низа на околности некои се повлекуваат па после нови, зависи колку трае ремисија и тие ствари, па капилари испукани па проширени вени све је то географска карта, не очекував дека ќе бидам како 90 годишна бабетина ама живот пише романе.
А масти и иљачи не употребувам освен пчелиња и товатна мас` . Не придавам некое значење на стрии и остали последици пошто не се некој фактор.

Неодамна разбрав за страв кај некои лица кои се плашеле дека стрија може да убие машка особа па сеа сум некако како...така....:D
 
  • Haha
  • Wow
Реакции: MajkaMuNaMarko and Electra

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Ова претпоставувам е супер и за стрии од вишок килограми.
Всушност, дури се црвени де. :zelen
Другарка има многу проблеми со стрии од нагли промени во килажата, но и таа и друга другарка, која е со две бремености зад себе, користеа кокосово масло и пантенол, чинам. Е сега, не знам дали правеле некаков микс или едното наутро, другото навечер, но и двете се задоволни.
Јас имам малку стрии над колковите, но се веќе бели и не ми пречат т.е. не сум замарила ни колку се видливи. Пробав со кокосово, ама секако нема некој ефект на бели, освен што ја прави помека кожата, но и тоа е плус, нели. :D
Само некако ептен се осеќав ко маринирана, можеби и премногу ставав, па немаше кај да се впие толку.

Интересна комбинацијава, вреди да се има предвид. :)
Да, се користи и за стрии и флеки и секакви нерамнини на кожа. Ама, многу редовност и упорност бара очигледно, како и се :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra