Старките стануваат сѐ поактуелни

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Стартките прв ги популаризира кошаркарот Charles Hollis "Chuck" Taylor. Во 1923 година тие го носеле неговото име, а тоа го направи и прв спортист кој стана заштитно лице на некоја модна марка. Меѓутоа, полн погодок All Star патиките доживеале после втората светска војна, кога станале симбол на младите бунтовници кои протестирале против некои верувања. Денеска, стартките најчесто ги поврзуваме со панк/рок популацијата, бендови, пејачи и т.н.
Но, старките стануваат се поактуелни, почести и во денешно време не постои девојка или дечко кои немаат барем еден пар вакви стартки во својот ормар. Може да се комбинираат со сукња, фустани, одела... како што ќе посакате. Converse ја подготви и новата колекција на стартки, а како изгледаат тие погледнете:

startki2.jpg

starki5.jpg

startki6.jpg

startki7.jpg

starki10.jpg

startki12.jpg

startki13.jpg

startki14.jpg


Носите стартки?
Јас во средно имав едни плави,за физичко ги користев :D Има убави,цветни,шарени,ама не би купила не ми е таков стилот на облекување, не ми одговараат да носам.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас ги знам како старки :D
Имам едни и многу си ги сакам, сакам и нови да си купам.
Еве ги на слики што ги најдов, занемарете што на едната слика што глупо сум ги наместила нозете. -.-
Инаку високи се овие, а имам уште 2 пара патики на Converse, но не се старки.
61880_1413230494783_1353173370_30951259_1319198_n.jpg
45054_1377150472805_1353173370_30876545_4816412_n.jpg Pumata се на татко ми.
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
Ич не ми се свиѓаат најдобри и најудобни се скејтески или обични зависи кој како ги вика
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
У средно носев, сеа некако и не ми се даваат толку пари за неудобни платнени патики
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Имам едни, колку да се рече дека и такви патики имам.:)
Не ги сакам воопшто, дури и на физичко не носам старки.
И ни малку не ми се допаѓаат комбинациите фустан-старки, сукња-старки или одело-старки.
Се знае кога што се носи, а старките не се универзални обувки.
Освен тоа, платнени се, лесно се кинат и не можеш да ги носиш кога врне.
Конверсот се релативно скапи, за тие пари можеш да си купиш нормални патики на кои ќе им се изнаносиш...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ај нека ми ги посерат сега и овие патики.
Сега ко ќе фати шмизлана и педерана да се фурца со нив. И ко ќе видам некоја улицкана, упрцкана со минич и старки на неа, комотно ќе ги соблечам моите и ќе си одам боса. :kaka
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Никогаш ама баш никогаш немам носено стартки едноставно не ми се допаѓаат..