Со луѓето на големо се манипулира. Кога би имала моќ, се би уништила и телевизори и нет. Зошто? Затоа што луѓето од времето на баба ми (87 год има)
преубаво си живееле, кога ми раскажува за тоа како било, просто останувам без здив. Деца читам у Кина раце сечеле затоа што биле зависни од некои си видео игри, нон - стоп си биле пред компјутер. Каде е таа игра кога од кал си правевме торти и колачи, ах...

Се е во нашата глава, само треба ние да го контролираме умот, а не тој нас. Зависник од нетов воопшто не сум, можам без ТВ и лаптопов и со години, но да ме остави чоек во некоја пустина, уџум, во некоја природа, каде што ќе може да ми се одмори главата од сите. Голема штета навистина, технологијава не уништи буквално и продолжува да не уништува без трошка милост. А, дека има предности, има. А па ќе си речеш што ќе ни се тие предности, како си живееле пред нас без сево ова, како функционирале? ОДЛИЧНО. Џабе е се и онака крајната дестинација на животот ни е смртта, учи си за да умреш, работи си пак исто за истото, створи фамилија за истото. Учи цел живот, таман кога ќе дојде тој ден да се вработиш, излегуваш дотеран и ете ти на пешачки, камион ќе те смачка. Тоа е животот, суров и никаков.