Проф. др. Елизабет Ломбардо која е и автор на книга со совети за подобар социјален живот, вели дека имањето добри пријатели ви го продолжува животот. Може да ви помогне да се борите против болести и депресија, како и да оформите здрави начини на живот.
Секој сака да има свој круг на пријатели со кого ќе ги споделува своите емоции, потреби и случувања.
Кога сме мали, изнаоѓањето другарчиња можеби ни се чини како наједноставна работа на светот, но како растеме, созреваме и се носиме со поголеми обврски колку навистина имаме време и можност да создаваме вистински пријателства?
Каков е вашиот социјален живот?
Дали сте човек што сака да се дружи или пак претпочитате времето да го поминувате сами, во кругот на своето семејство?
Дали сте отворени за нови пријателства или го држите вашиот круг затворен?
Им давате предност на Вашите пријатели или ги ставате помеѓу последните места на приоритети?
Дали сте самоуверени во кругот на вашите пријатели, или обично одлуките ги оставате на другите?
Како се чувствувате во кругот на Вашите пријатели?

Имам пријатели насекаде во светов и не можете да замислите колку ги чувствувам за блиски. Имам "сестра" во Пакистан, со неа за месец ипол, ќе направиме 6 години. Богатство е да имаш пријатели.

. Тоа се работи што треба да претрпат промени. Сакам да се дружам. Единствено со пријателите можам да ја почувствувам таа неопислива еуфорија. При нови познанства секогаш имам да кажам нешто за да ја убијам тишината и неподносливата напнатост на
Чувствувам дека ќе бидам вечно дете. Никогаш нема да пораснам. Затоа можеби изнаоѓањето нови пријателства ми се чини наједноставна работа на светот.