Снегот и вонредните состојби во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Мислам дека насловот е доволно јасен и кажува што е поентата на темата.
Снегот падна. Некого затрупа, зема неколку жртви, учениците добија одмори...
Некои патишта се затворени, во некои се оди само по една лента...
Што мислите вие? Се крена ли премногу паника околу снегот? Или уште поголема треба да се крене?
Како се справуваат службите со овој снег? Добро, лошо...?
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
36
Скопје
Снегот не треба да не изненадува во овој период од годината, но ваква зима не се памти во изминативе 10 години, а може и повеќе...цела Европа е со снег. Службите според мене се справуваат одлично, но сепак зависи каде.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Мислам дека насловот е доволно јасен и кажува што е поентата на темата.
Снегот падна. Некого затрупа, зема неколку жртви, учениците добија одмори...
Некои патишта се затворени, во некои се оди само по една лента...
Што мислите вие? Се крена ли премногу паника околу снегот? Или уште поголема треба да се крене?
Како се справуваат службите со овој снег? Добро, лошо...?

Се е само една добра симулација.Драматизации со цел да се докаже „функционалност“ на системот за управување со кризи како и работата на улици и патишта.
Се очекуваше студена зима, со големи снежни наноси.Тек неколку дена после снегот улиците сеуште не беа исчистени, зашто и како може само да се претпоставува, иако јас веќе имам некоја претпоставка ама ќе си бидам паметен и ќе си молчам :)
А во врска со затворените школи, тоа го прават самите професори.Од МОН, дале препорака доколку навистина е невозможно да се одржи настава да се прекине целосно до завршувањето на студовите.

Не ми е јасно, конкретно за Скопје, зошто учениците неможат да одат на школо? Нема автобуси?Нема греење во училиштата?Или пак на професорите не им се предава? :D Што мислите? :D

Во врска со паниката, реков и погоре, се’ можеше да се среди доколку не се направеа некои и си матни работи.Но сепак сега за сега е океј и кај и да е ќе заврши сета оваа фама.
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Абе ајде, се исплашиле Скопјани од снегов, прошетајте малку низ Македонијава па да видите што е снег, по метар...
Во мојот град има многу снег, улици колку- толку расчистени, како и тротоари. Денес почнавме со предавања на училиште, многу сум зиморлија.. Едвај чекам пролет.
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
Во Скопје,не учат делумно учениците,или имаат скратени часови,додека во Велес,ниту едно училиште не работи веќе 7 дена,а снегот е стопен сите улици се проодни,и денес беше супер ден,е сега зима како зима секако дека е ладно...стварно не разбирам зошто вака направија.
 

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Во Виница сите школи работат а и нема скратени часови. ;)
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Кај нас исто е, цела недела си ја изучивме без скратени часови а слободно можам да кажам дека имаше дупло повеќе снег од другите градови во државава. Тек вчера почнаа да чистат кај нас, и пак не е очистено.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Претходната недела беа секаде скратени часовите (од среда до петок), а оваа недела часовите беа скратени само во четврток и петок само во средното училиште.
 

Emily023

Активен Член
15 февруари 2012
245
113
43
31
Hawaii,USA
кај нас не се учи веќе две недели скоро,ама од понеделник почнува редовно за жал :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.