Поради вакви неписмени и необразовани морони како тебе, истиот педофил е поопасен за општеството само што не ти добацува мозочето до таму.
Такви како тебе се првите што ќе го фрлат каменот кон тој што е стигматизиран за да припаѓаат во групата бидејќи мислат дека се морално посупериорни со тоа што ќе осудат луѓе. Чист приказ за примитивно размислување и глупост.
Не сите педофили посегнуваат по силување и многу бараат помош за своите нагони бидејќи се свесни дека тоа може да доведе до повредување на невини деца.
Многу луѓе кои силуваат деца, не се педофили и имаат атракција кон возрасни луѓе, а причините поради кои силувале деца се многубројни и варираат од човек до човек. Многу од педофилите не бараат помош бидејќи се плашат дека ќе бидат осудени од такви како тебе и честопати тој конфликт што го имаат со себе, доведува до губење на контрола и напади врз деца, наместо подобрата варијанта, на време да добијат третмани и/или да бидат хемиски кастрирани, со што шансата за вршење на злосторство ќе се намали.
Психолозите и социолозите константно бараат варијанти за спречување на полов напад врз деца со тоа што ја намалуваат стигмата врз педофилите, а со тоа ја зголемуваат можноста навремено да регистрираат повеќе педофили и така да ја намалат шансата истите тие да извршат полов напад врз деца, со тоа што ќе бидат мониторирани, ќе им се вршат различни терапии и/или ќе бидат кастрирани зависно од ситуацијата.
Многу од тие педофили се одлични луѓе, со морални вредности и полезни за општеството, а никој од нив не одбрал да има такви нагони, тоа е нешто со што треба да се борат цел живот.
Но за жал, простата маса од луѓе кои не продираат подлабоко во овие проблематики, не доведуваат до решавање на проблемот туку го влошуваат, главно поради неписменост и плитко размислување.
Полека малку со епитетите, не е до писменост или неписменост туку до емоционална реакција на педофили кај мнозинство раја а таа реакција е крајно негативна. Тука се и педерастите (ептен јако зборче е ова, педерастија ) кои често луѓе ги изедначуваат со педофили.
Моралната супериорност не зависи од осуда или не, некој кој не силувал никогаш е автоматски супериорен во однос на силувач, без разлика дали ќе осудува или не, оној кој не убил во однос на оној кој убил, оној кој не украл према оној кој украл итн.
Како тоа мислиш не биле сите кои силувале деца педофили? Без разлика дали ексклузивно или викендашки се палат/имаат однос со деца (!?) тоа се педофили.