Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Неговиот поглед полн со решителност и строгост, неговиот силен став кој како да наговестува дека секој момент ќе стане, неговата брада, драперијата... врвно мајсторство.
Граѓаните на Калас на Роден:
Грубо изделкани лица, парталави облеки, уморени погледи, меѓупростор на фигурите кој дава дополнително чувство на театралност... за дивење.
Птицата во простор на Бранкуши:
Начинот на кој успева да ја фати есенцијалната суштина на делото, а да го редуцира на минимализам е неверојатен. Тука се труди да го долови летот на птицата и поради тоа не се концентрира на атрибутите на самата птица. Едноставно прекрасно!
Прв пат во живот видов ваква скулптура, мермер во комбинација со алжирски оникс (и мало делче малахит). Станува збор за скулптурата "Природата се открива себе си пред науката" на Ернест Баријас, која се наоѓа во музејот Орсеј во Париз.
Прво и основно, фустанот од оникс. Wow, неверојатно. Бојата е зачудувачка, линиите се прекрасни, како се вее низ нозете. Второ, наметката над главата. Мислиш е платненце некое, како ја држи со прстињата, како навистина да е тенка и лесна.