Сите мои пријатели, освен мене, се обиделе да го деактивираат својот профил. Јас најмногу ги поддржував во тоа, сме зборувале на вибер, но секогаш се навраќале назад. Причина зошто јас не го деактивирав до сега е баш поради тие фејсбук групи. Средно имавме фејсбук група со новости, кога одиме на училиште, кога не одиме, кога ќе најдиме некои прашања за тест, кога ти треба материјал за учење, па се спремаме за екскурзија, па некој ќе стави сликите од екскурзијата во групата за сите да ги имаме. Накратко јас морав да читам во најмала рака таму шо планираат мнозинството за следниот ден кога ќе одам на училиште да бидам како изгубена и да не знам што се случува.
Сега пред да почнам на факултет размислував конечно да го деактивирам ама пак истата приказна - група на фејсбук со новости, со резултати од оценки. Страната на факултетот често има технички проблеми па резултатите од колоквиуми и испити пред да ни ги соопшти професорот на предавање ни ги поставува во групата да знајме, да си планираме, да не не држи во неизвесност. И како што кажав и во друга тема, претежно го чувам фејсбукот ради чатот, дали било на фејсбук месенџер или на вибер, не ми прави некоја разлика, битно да си ја тера функцијата.